Клучот за пристапување во ЕУ се реформите, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир. Зборувајќи за уставните измени тој вели дека е скептичен оти може да се дојде до подобар компромис со Бугарија.
Што се однесува до уставните измени, тоа прашање доминираше во голем дел од мојот мандат, имаше разлики со Бугарија за тоа како да се продолжи со пристапниот процес. Тие беа надминати со договорот од јули 2020 година и тој договор нуди пат напред и овозможува отворање на прием. Новата Влада стави до знаење дека не е среќна со тој договор и верува дека може да репреговара нешто поинакво. Ги следев преговорите одблизу од есента 2020 до јули 2022.
Тоа беше тежок процес. Компромиси беа направени од двете страни и мое лично мислење е дека она што се постигна на крајот беше компромис, не совршен но беше најдобриот што можеше да се постигне во тоа време. Јас сум доста скептичен околу можноста да се дојде до нешто подобро од она веќе е постигнато, рече Гир во интервју на ТВ Сител.