Зошто на официјалната веб страница на Орхан Памук не е стои наградата „Табернакул“ ниту пак е објавена вест за неа? Колкава парична награда зема нобеловецот Памук? Што му пишале македонските интелектуалци на Памук преку турските медиуми уште во ноември?
-Овдешните домаќини требало да го известат дека додека тој ја држеше прес конфенрецијата, во Собранието го гласаа Законот за медиуми додека новинарите протестираа. Тие, како дисиденти, воопшто не реагираа кога беше избркан Саше Политико. И не само тоа, тие прифатија да бидат дел од прес конфенреција на која се забранети политички прашања, а самите нивни говори беа политички, вели екс-министерот за култура Ѓунер Исмаил во интервју за НОВА.