Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Гласен текстилец“ со реакција за предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка.

0
By Marija Todorovska on January 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата на Република Северна Македонија  подготвува предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик,  изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

-Како социјал демократска Влада го укинаа членот од законот кој даваше помала плата на текстилните работници од работниците во другите индустрии.Но, еве сега не враќаат назад 10 години со овој дискриминирачки Закон.Сивата (нелегална) економија драстично расте, наместо да се изнаоѓа решение за сузбивање и намалување на истата, овде се дава амин на уште поголем процент на сива економија за која алармира  и Светска банка. Овде повторно исходот е таков со оваа погрешна политика која повторно се води на штета на работникот, вели Ампева.

Таа додава дека со овој предлог Закон ќе се создаде нездрава бизнис клима, а  нивото на нелојална конкуренција ќе расте со поддршка на Владата.

-Со овој предлог Закон,домашната економија полека но сигурно изумира и тоа е навистина жално за една држава која има голем потенцијал иако е мала.

Во која европска држава постои вакво нешто кое е регулирано во Закон,каде што еден работник е ставен во понеповолна положба од друг? Зошто во предлог законот на Владата,во стартот се прави дискриминација на работниците, прашува Ампева.

Посочува дека  „Гласен текстилец“ ги повикува синдикатите,работодавачите од сите останати дејности кои не се опфатени овде, да застанат рамо до рамо и да направат притисок за ова штетно решение, со цел какошто вели  никогаш да не заживее и да не биде законски регулирано во ниту еден Закон и никогаш да не стапи на сила.

-Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партиии дека ова законско решение не смее да се донесе,истите тие пратеници ќе треба да ги погледнат работниците во очи.

Доколку земаме сите плата во плик и би помагале со тоа свесно да има пораст на сивата економија во државата,тогаш како ќе се полнат пензискиот и здравствениот фонд, буџетот на Македонија и како ќе се исплаќаат и онака големите плати на функционерите и на целата администрација, изјави Ампева.

Гласен Текстилец Предлог-Закон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.