Гласни Идеи ја напиша следната изјава на својот Фејсбук профил околу вчерашниот протест во солидарност со палестинскиот народ:
Во организација на Гласни идеи и Социјален центар Дуња се одржа најавениот протест за поддршка на палестинскиот народ.
За жал протестот не беше мирен и започна со инцидент, односно со непочитување на правилата на организаторите за неносење на етнички, верски и национални симболи. Дополнително протестниот собир беше узурпиран од за нас непознати структури со десничарска идеологија.
Поради тоа како организатори бевме принудени да се поместиме на другата страна на плоштадот каде го одржавме планираниот мирен протест.
Изразуваме задоволство од демонстрантите кои го разбраа нашиот потег и не’ поддржаа во нашиот протест, што не важи и за дел од медиумите, кои иако беа сведоци на настаните, бессрамно и тенденциозно пренесоа погрешна слика од настанот.