Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Глумците пеат“ со 40 актери и 22-член оркестар во НОБ, темата е „Евровизија“

0
By Marija Todorovska on March 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евровизија и што би се случило ако изборот се одржи кај нас – е тема на годинашната манифестација „Глумците пеат“ на која познати хитови, домашни и странски, ќе изведат актери од сите театри во земјава.

–Изборот на темата е доволно да биде смешно и забавно, сметаат организаторите на шоуто кое ќе се одржи во две вечери, на 29 и 30 март, во Националната опера и балет.

Настанот се одржува втора година откако лани беше возобновен по пауза од 15-ина години. Режисер и годинава е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, дигирент Љупчо Мирковски, a Бобан Мирковски e автор на аранжманите наменски напишани за сите песни кои ќе бидат изведени. На сцена ќе бидат 40 актери и 22 члена во оркестарот, во целата продукција се вклучени околу сто луѓе.

Маја Бабиќ од „Баги комуникации“, ќерка на актерот Марин Бабиќ – идејниот творец и организатор на „Глумците пеат“ пред 30 години, на прес-конференција денеска изјави дека шоуто оваа година ќе трае околу два и пол часа и се обидуваат да го вратат настанот онака како што Марин замислувал да го направи.

Како што рече, „Глумците пеат“ е најголема продукција  во државава и платформа која им овозможува на актерите да излезат од својата комфорна зона, од своите театри, и да имаат целосна слобода да ја креираат својата улога и да соработуваат со колеги со кои можеби ќе немаат можност во текот на кариерата. Особено е шанса за младите актери „да ги добијат своите пет минути“ за да се промовираат.

За концептот на настанот рече дека е еден вид приказна со смислена тема која се провлекува низ целото пеење.

-Во однос на темата, годинава ќе се обидеме да се шегуваме со сите наши несовршености, во шегобијно светло ќе прикажеме што би било кога Евровизија би се организирала во Македонија, а ќе има и гласање, рече Бабиќ.

Според режисерот Пројковски, „Глумците пеат“ е „фабрика за производство на забава“. Манифестацијата, рече тој, не се занимава со ретроспектива, со историјатот на Евровизија, и целта не била да се изберат најдобрите песни од тој натпревар.

– Она што е интересно кај „Глумците пеат“ е дека има еден натпревар кој ќе биде покреативен, бидејќи само добрата изведба на песната тука не значи ништо. Ние сме фабрика за производство на забава и тоа ни е основната тема. Ние си ги одбираме песните преку коишто можеме да ја создадеме забавата. Така што, нашиот избор на песни не е наш однос кон песните дали се добри или лоши, рече Пројковски.

Бабиќ додаде дека нема да се занимаваат со реални ситуации и реалните организатори на Евровизијата, туку  со „универзални, локални теми кои се пренесуваат во секојдневното живеење“.

Манифестацијата, која се одржува по повод Светскиот ден на театарот 27 Март, ќе ја водат двајца водители кои не беа откриени. Како што кажа Бабиќ, едниот публиката ќе го запознае, а од другиот ќе се изненади.

Организирањето на „Глумците пеат“ е поддржано од неколку спонзори, а првпат доби поддршка и од Министерството за култура. Билетите за двете вечери се распродадени. Иако интересот е голем, засега тимот не размислува шоуто да го пресели во спортска сала.

– Ова е, сепак, прослава на театарот. Се надевам дека конечно ќе ни направат концертна сала каде што ќе има барем 1500 седишта за да може квалитетно да направиме продукција, додаде Бабиќ.

актери Глумците пеат Евровизија НОБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.