И покрај заплашувањата од страна на актуелното раководство на Сојузот, глувите лица да не ги изнесуваат проблемите во јавноста НОВА направи ексклузивно интервју во кое двајцата соговорници отворено раскажаа со што се се соочуваат во секојдневието и во животот.
Македонската јавност за проблемите на глувите за првпат слушна на протестот кој тие го организираа минатата недела. Што е она што навистина им пречи, со кој сериозни проблеми се соочуваат во Сојузот за глуви и наглуви, во животот, каков е третманот на државата кон овие луѓе, зошто нема доволно толкувачи кои треба да им помагаат за да се разберат со другите луѓе.
За ова и за многу други прашања разговараме со Павле Стаматовски член на Управниот одбор во Сојузот, за град Скопје, Александра Сталеска Зафировска и нејзината сестра Николина Сталеска која не е официјален преведувач, но во недостиг на преведувач , ни помогна за да се разбереме бидејќи го знае знаковниот јазик.
Во Македонија има околу 6000 глуви лица, а само 12 толкувачи кои неможат ни оддалеку да ги задоволат потребите, а за секој дополнителен ангажман наплаќаат за услугата.