Претседателски избори 2024
Прилеп, 6 април
Билјана Ванковска Цветковска:
- Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, барем не сите прашања на едно место.
- Се залагам за нов устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.
- Не настапувам со прашање дали Бугарите ќе бидат во Уставот туку со сосема нов устав, бидејќи овој продуцира нефункционилен политички и уставно правен систем.
- Во план ни е раскинување на Договорот со Бугарија, а Преспанскиот договор ќе биде предмет на преобмислување.
- Се залагам за водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.
- Светот сае менува. Станува збор за нужност од мултивекторска политика. Ниту да потпаѓа под влијанието на студената војна, нема да правиме наши и ваши, туку ќе отвораме порти, ќе создаваме пријателства ширум светот, особено по економска основа.
- Како професор по политички науки сум шокирана дека сосема е неизвесно дали ние седумина ќе се најдеме на едно место на ТВ, а тоа е единствен начин луѓето да ги видат и слушнат ставовите на кандидатите.