Денеска нема да биде донесена конечна одлука дали на Ѓоковиќ ќе му се дозволи да остане во Австралија или ќе биде депортиран, објави весникот „Сиднеј морнинг хералд“. Владата имаше четири часа да реши дали ќе го задржи Ѓоковиќ во притвор, но откако тоа време истече, тој е слободен да си оди.
Како што истакна новинарот на „Ејџ“, Пол Сакал, неговиот колега го дознал следново:
– Новак Ѓоковиќ вечерва ќе биде слободен човек. Австралиската влада нема да донесе одлука вечерва за да го депортира. Министерот за имиграција имаше четири часа да донесе одлука за одземање на визата пред Новак да го напушти притворот, но иако не го стори тоа сега одлуката може да биде донесена утре или во наредните денови, рече Сакал.
Ова следува неколку часа откако Федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ и нареди негово пуштање од имиграцискиот притвор, каде што престојуваше од доаѓањето во Австралија во средата. Сепак, конечниот збор го има министерот за имиграција Алекс Хок, кој располага со исклучителни овластувања и дискреција да поништува визи од кои било причини. Ако Хок донесе таква одлука, Ѓоковиќ три години можеби нема да смее да влезе во Австралија.
Организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија на Ѓоковиќ да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, што е главен услов за влез во земјата. Тој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето врз основа на тоа што имал позитивен тест за коронавирус на 16 декември. Австралиските власти во ноември ја известиле Тениската федерација дека скорешна зараза со коронавирусот не е нужна основа за изземање.
Novak Djokovic will be a free man tonight
Govt wont make decision to deport him tonight per @Gallo_Ways
Immigration Minister had 4h to cancel before he was freed from detention
Decision to cancel can still be made but will be tomorrow or in days afterhttps://t.co/cSKqKELJ4O
— Paul Sakkal (@paulsakkal) January 10, 2022