Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ призна: Заразен со Ковид доделив пехари на деца и дадов интервју за „Л’Екип“

0
By Ivana on January 12, 2022 СПОРТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за Ковид-19 во декември, и рече дека неговиот агент направил грешка кога ја пополнил неговата декларација за патување во Австралија.

„Сакам да нагласам дека вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите и да ги почитувам обврските за тестирање“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

Ѓоковиќ на Инстаграм профил напиша дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани“.

– Овие дезинформации мора да се корегираат, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста за мојот престој во Австралија, како и да се разјаснат работите кои се штетни и загрижувачки за моето семејство, напиша тој.

Српскиот тенисер додаде дека се трудел да ги заштити сите околу него и оти се придржувал на тестирањето за коронавирусот.

„Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември (Црвена Звезда – Барселона), по што пристигна информација дека голем број луѓе се позитивни на коронавирусот. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември направив брз антигенски тест. кој беше негативен. Тој ден направив и ПЦР-тест, следниот ден бев на тениски настан во Белград за да им дадам награди на децата и пред да заминам направив нов антигенски тест кој беше негативен, се чувствував добро, а позитивен ПЦР тест добив дури после настанот, напиша Ѓоковиќ.

Тој изјави дека следниот ден, на 18 декември, во неговиот тениски центар во Белград дал интервју за францускиот весник E’kip и дека тоа го направил за да не ја разочара новинарката.

– Гледав да држам пропишана дистанца и постојано носев маска, освен кога се сликав. После тоа отидов дома да се изолирам. Кога ќе размислам сега, грешка беше што се прифати интервјуто, кое мораше да се одложи“, додава Ѓоковиќ.

Во врска со неговата декларација за патување во Австралија, во која треба да се наведе дали патувал во рок од 14 дена по пристигнувањето во земјата, тој рече дека неговиот агент несвесно штиклирал погрешно поле на формуларот.

„Што се однесува до мојата декларација за патување, таа беше поднесена од мојот тим за поддршка во мое име, како што им кажав на службениците за имиграција при пристигнувањето, а мојот агент искрено се извинува за административната грешка во која штиклираше погрешно поле за моето претходно патување пред да дојдам во Австралија“, напиша Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ изјавата ја дава во време кога австралискиот министер за имиграција Алекс Хок размислува дали да му ја одземе визата пред Австралија опен, кој започнува на 17 јануари, поради контроверзите околу тоа дали светскиот тенисер број еден има право на медицинско изземање.

Од кабинетот на Хок соопштија дека адвокатите на тенисерот доставиле многу информации во врска со неговата виза, а тоа ќе влијае на времето потребно за министерот да одлучи дали ќе ја укине визата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.