Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем хакерски напад на Украина, ЕУ свика итен состанок

0
By Ivana on January 14, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем сајбер напад, со предупредувачка порака до Украинците „да се плашат и да го очекуваат најлошото“, е извршен врз веб-страниците на украинската влада во четвртокот вечерта (13-ти јануари). Поради тоа , некои од владините веб-услуги денеска не се достапни, а Киев отвори истрага за нападот.

„Како резултат на масовен хакерски напад, веб-страниците на Министерството за надворешни работи и на голем број други владини агенции привремено не работат. Нашите експерти веќе работат на обновување на ИТ системот“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави за Ројтерс дека е премногу рано да се каже кој би можел да стои зад нападот, но рече дека „Русија стоела зад слични напади во минатото“.

„Прерано е да се извлечат заклучоци, но има долга евиденција за руски (сајбер) напади врз Украина во минатото“, рече тој.

Руското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Русија претходно негираше дека стои зад сајбер нападот врз Украина.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел рече дека Европската Унија ги мобилизира сите свои средства за да му помогне на Киев.

„Свикавме итен состанок на амбасадорите на политичкиот и безбедносен комитет на ЕУ за да видиме како можеме да дејствуваме и каква техничка помош да ѝ пружиме на Украина“, рече Борел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.