Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓи Спасов: Опасната игра на ДУИ

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ не може да се помири со губењето на политичкиот монопол во власта.

Коалицијата на ДУИ со ромски, турски и бошњачки партии освои 30тина илјади гласови повеќе од чисто етничката коалиција на Арбен Таравари која освои над 100 илјади гласови од Албанците во Македонија.

И бидејќи ДУИ по 22 години во власта, независно од резултатите на сите влади во кои учествуваше до сега, не е посакуван партнер во идната влада, почна да фрла со дрвја и камења по коалицијата “Вреди” на Таравари.

По неуспешниот обид на плоштадот

Македонија со борбените извици” “УЧК,УЧК” да ги обединат сите Албанци околу себе, со што само ги стимулираа Македонците да гласаат во што поголем број за ВМРО ДПМНЕ, сега тие продолжуваат со обидите да станат одново, ако е можно, дел од власта со прилично тенки па и националистички аргументи.

Прво. Со сите елементи се трудат да докажуваат дека тие се ” вистинските Албанци”, како ВМРО што се обидуваше и се обидува да тврди дека само тие ги преставуваат ” вистинските” Македонци.

Ова самотитулирање има за цел да ги навреди сите други припадници на нацијата и да ги обележи како предавници на нацијата како одродени синови и ќерки и соработници со непријателот.

Второ. Бидејќи ДУИ своите политички конкуренти не ги смета веќе за вистински Албанци, сега се обидува да ги престави и како “политички неподобни Албанци кои не знаат што прават и каква штета им нанесуваат на Албанците во Македонија. Оттука го вадат аргументот дека Таравари и неговите ќе ја одиграле улогата на албанскиот политичар Рахман Морина,од времето на Милошевиќ, кој заради лична корист прифатил нелегитимно да ги претставува интересите на тогаш, косовските Албанци во власта.

  1. Негирајќи им го правото да бидат претставници на автентичната волја на Албанците во Македонија од ДУИ дури сметаат дека влада во која ќе влезат тие Албанци ќе ја сметаат за влада без Албанци. Албанците во СДСМ и во други партии одамна веќе не ги сметаат за Албанци.

4.Навредувајќи без усул над 100 илјади Албанци што гласале за коалицијата Вреди, од ДУИ упорно се обидуваат да докажат дека само тие се претставници на ” мнозинската волја на Албанците” и дека без нив секоја одлука за формирање влада и парламентарно мнозинство ќе биде кршење на Уставот, непочитување на изборната волја на Албанците и загрозување на стабилноста на земјата.

  1. На што се се подготвени за зачувување на својот политички монопол во власта уште никој не знае. Но, тие веќе отворено навестуваат дека кај нивните избирачи и функционери нервозата била голема и дека тие за сега само успешно го менаџирање гневот. Но веројатно ако со мирни средства не успеат да се изборат за одново само тие да бидат признаени за единствените легитимни претставници на мнозинската волја на Албанците и не бидат дел од власта,можат пак со командантот Али, да се обидат на друг начин да го спречуваат ова шти тие го нарекуваат ” нова неправда и дискриминација на Албанците во Македонија”

Своите идни потези некои политичари во историјата ги најавувале со едн вид прогностички предупредувања во стилот: Ако не го направите тоа ќе видите што ќе се случи. А откако се случувало тоа што тие го подготвувале тврделе дека тие на време го предвиделе тоа.

Останува само да се надеваме дека и таму останал малку разум и способност да се прифати изборен пораз за првпат од осноивањето на нивната партија

(Преземено од ФБ ѕидот на авторот)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.