Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Говор на омраза и негово санкционирање во Македонија

1
By Нова ТВ on November 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се чини дека говорот на омраза е толку многу присутен во македонската јавност, што луѓето почнуваат да се навикнуваат на него. Кога побарав изјава од еден од најпознатите и „најдолгометражните“ активисти во Македонија, Кочо Андоновски, тој рече дека толку често се соочува со говор на омраза чија мета е токму тој, што му претставува проблем да издвои само еден случај. Сепак, се присети на отварањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје. Тогаш, пред пет години, непосредно пред отварањето на Центарот, имаше говор на омраза на социјалните мрежи, што резултираше со насилства кога Центарот беше отворен.

– Тоа е класичен пример, како говорот на омраза предизвикува насилство. Имаше и хомофобични изјави од функционери на минатата власт – вели Кочо Андоновски.

Денес во современото општество, санкционирањето на говорот на омраза е од голема важност, особено за земја како Македонија која е во процесот на приближување кон Европската Унија. Слободата на изразување и говор се клучен индикатор дека една земја е подготвена да стане дел од Европската Унија. Гарантирањето на правото на слободен говор му остава простор на граѓанинот да биде еден вид на надзорник на раководењето на државата. Преку своите слободно и јавно искажани критики и препораки, граѓаните допринесуваат кон изградба на едно подемократско општество. Без тоа правниот поредок би бил загрозен, а политичката одговорност доведена до прашање.

Кога се зборува за слобода на говор и говор на омраза, не може, а да не се спомене и улогата на медиумите во приказната. Во минатите години, особено младиот дел од јавноста целосно се пресели од традиционалните на новите електронски медиуми, каде што се создава една паралелна виртуелна реалност, која не треба да биде занемарена. Новите модерни електронски медиуми од една страна ја олеснуваат работата кога станува прашање за слободата на говор, но од друга страна ја олеснуваат работата и на оние кои сакаат да го шират говорот на омраза. Како пример за корисно споделување на информации ќе го наведам случајот со убиството на Мартин Нешковски, благодарение на Твитер заедницата, веста за случајот молскавично се расшири. Традиционалните медиуми потфрлаат кога е во прашање благовременото известување во ова модерно, инстант општество. Наспроти тоа, друг пример е ширењето на говор на омраза од страна на популарни јавни личности, водители, преку нивните профили на социјалните мрежи.

Летово, актерката Ирена Ристиќ, вознемирена поради смртта на коњот Аурора, кој бил користен за запрежна кола од страна на луѓе од ромска етничка припадност, напиша статус на нејзиниот Фејсбук профил, во кој својот гнев го насочи кон Ромите. На тоа следуваа бурни реакции на социјалните мрежи, при што ромските здруженија и ромските невладини организации тогаш најавија тужба за Ристиќ.

Неколку месеци потоа, актерката на Фејсбук објави допис од Јавното обвинителство, во кој таа се повикува во својство на осомничена.

– Лицето се повикува во својство на осомничена за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем спред член 394-г од КЗ и кривично дело – Предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик – се наведува во дописот од Јавното обвинителство.

Ристиќ вели дека се уште нема новости за овој случај и дека чека негова развршница.

Невладините организации, Хелсиншки Комитет за човекови права и ЛГБТИ Центар за поддршка, со години алармираа на говорот на омраза од водителот Миленко Неделковски, кој го користеше Фејсбук како медиум преку кој ги изнесуваше своите ставови. Тој оваа пролет објави дека Јавното обвинителство го повикало како осомничен за кривично дело „Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични материјал по компјутерски систем“.

Навидум делува дека случајот кога македонски граѓанин беше осуден да плати 400 евра казна поради напишано тврдење на Фејсбук, против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е единствениот случај на санкционирање „говор на омраза“, но дури ни таму не станува збор за тоа, туку за кривичното дело „повреда на углед на странска држава“.

Адвокатот Лазар Сандев вели дека во Македонија нема правосилна пресуда случај на говор на омраза.

– Има четири или пет постапки кои се во тек – вели Сандев.

Според Кривичниот законик на Македонија, казната за ширење говор на омраза се движи од една до десет години.

Во Извештајот на Народниот правобранител, кој пратениците не го сфатија сериозно, не пишува ништо за говорот на омраза, ниту има било какви препораки за идни мерки за негово сузбивање. Владата сепак, самостојно го усвои Извештајот.

Слободата на говор и говорот на омраза се две појави кои неминовно се испреплетуваат и судираат низ општествените процеси. Гарантирањето на правото на слобода на говор во повеќето демократски земји воопшто не претставува тема на дискусија. Она што ја отвара Пандорината кутија е злоупотребата на правото на слобода на говор, а тоа е говорот на омраза.

Говорот на омраза, речиси секогаш е перцепиран и сметан како слобода на изразување од оние кои го практикуваат. На говорот на омраза треба да му се посвети еднакво внимание како и на слободата на говор, токму поради неговата разорна сила.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.