Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“, нема информација ни за одбележувањето на празникот

0
By Marta Pesevska on November 13, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
Лани за првпат градоначалничката Данела Арсовска не им ги врачи наградите на добитниците; - Од церемонијата во 2021. (Фото: МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на највисоката градска наградата „13 Ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, а ја врачува градоначалникот на градот. Единствената информација што може да се најде е соопштението на Културно-информативниот центар (КИЦ) на нивната фејсбук страна во кое Центарот ја објавува програмата по повод свеченото доделување на наградите кое ќе биде вечерва во 19 часот во Националната опера и балет (НОБ). Информира СДК.

Со одлука на Одборот за доделување на наградата од 30 мај, беше објавен конкурсот на сајтот на Град Скопје и беше отворен до 10 септември. Вообичаено, добитниците на наградата официјално се објавуваат во почетокот на ноември. Наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот.

Лани, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на почетокот на својот мандат не дојде на свеченоста за доделување на 13-Ноемвриските награди, па таа не им ги врачи наградите на добитниците туку тоа го сторија од жири комисијата, а не присуствуваше ни на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години. Ова беше првпат градоначалник на Скопје да не ги врачи наградите.
  • ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДАТА НА ГРАД СКОПЈЕ „13 НОЕМВРИ“

Град Скопје годинава нема никакава официјална објава за прославата на 13 Ноември и 78 години од ослободувањето од фашизмот, информација за агендата не е објаена ниту на официјалната веб страна и на фејсбук страната на Град Скопје и на градоначалничката Данела Арсовска, ниту пак се испратени покани или вест до медиумите.

САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати до прес-службата на Градот со прашање зошто годинава ниту се објавени добитниците на 13-Ноемвриската награда, ниту има каква било информација за одбележувањето на најголемито празник на градот, но досега не добивме одговор.

Градот годинава за првпат не покани медиуми ни на одбележувањето на Денот на пожарникарите.

А. АНТЕВСКА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.