Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градот не ги дава Италијанците од Дрисла

0
By Сашка Цветковска on November 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Градот Скопје не се откажува од намерата концесионери на депонијата „Дрисла“ да бидат Италијанците. И покрај тоа што Управниот суд во Јули годинава ја усвои жалбата на германската компанија „Шолц“ која се жалеше на изборот на италијанскиот конзорциум и му наложи на Градот повторување на постапката за избор на најповелен концесионер, комисијата повторно ги избрала Италијанците. Оваа предлог-одлука ќе се најде на гласање на седницата на Советот на Градот Скопје во вторник бидејќи, како што изјави градоначалникот Коце Трајановски, тие мораат да постапат по пресудата и да изберат повторно концесионер до крајот на месецот.

„Градот ја задолжил комисијата која направи избор повторно да бира, со оглед на тоа дека со одлуката на судот не се барало поништување на постапката туку повторен избор“, изјави Трајановски на денешната прес конференција.

Директорот на Дрисла, Горан Ангелов, пак вели дека тие повторно ги избрале Италијанците и покрај пресудата, затоа што, според нив, тоа била најдобрата понуда во секој поглед.

„Внимателно ја простудиравме таа пресуда и за секој тужбен наод имаме дадено свое мислење на речиси 10 страни за Советот каде ја образложуваме предлог одлуката со која комисијата јасно стои на своето прво мислење дека конзорциумот ФЦЛ Амбиенте и Униеко е најповолен за Градот Скопје“, вели тој.

Како анонимните Италијанци станаа концесионери на Дрисла

Аферата „Дрисла“ која летово ја отвори НОВА предизвика и меѓународен скандал. Германската компанија „Шолц“ која беше второрангирана на тендерот за концесионер одлучи да го тужи Градот и да бара повторување на постапката. „Битката“ за Дрисла најпосле се чинеше дека заврши во корист на Германците кога судот наложи повторување на постапката образложувајќи ја одлуката со низа пропусти во изборот. Најголемата прашина се крена околу кредибилноста на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“ да ја менаџира „Дрисла“ во јавно-приватно партнерство со Градот.

Она што го објави НОВА, во образложението потоа го потврди и Управниот суд. Фирмата „ФЦЛ Амбиенте“ од Италија е формирана 2 дена пред Градот да избере најповолен понудувач. Фирмата во тој момент се води како неактивна во Централниот регистер на Италија. На тендерот, фирмата настапува како конзорциум со друга компанија од Италија – компанијата „Униеко“. Ако „ФЦЛ Амбиенете“ е тазе фирма без голема финансиска моќ и без никакво искуство во менаџирањето на отпад, „Униеко“ е фирма која постои околу 100 години и која има искуство во градежништвото и во управувањето со отпад.

И покрај ваквите портфолија на двете фирми, сепак, водечки член во конзорциумот не е „Униеко“, туку „ФЦЛ Амбиенте“. Откако тие победуваат на тендерот, се формира фирма во Македонија, односно наменско друштво за јавно-приватното партнерство помеѓу нив и Градот. Основач на фирмата во Скопје, онаа која треба да инвестира и да менаџира со депонијата е само ФЦЛ Амбиенете, без Униеко. НОВА на денешната прес конференција го праша директорот на Дрисла, Горан Ангелов дали е вообичаено компанијата „Униеко“ да не фигурира никаде во сопственичките удели и во управниот одбор на Дрисла, ако се земе во предвид фактот дека најголем дел од бодовите во тендерот се добиени благодарение на „Униеко“ и нивното портфолио.

„ФЦЛ Амбиенте“ како самостојна новоформирана компанија во тоа време го нема ниту бараниот обрт на пари и добивка, ниту бараното искуство согласно критериумите на тендерот. Директорот објасни дека сето тоа е според законите, а дека тој не можел да зборува во името на „Униеко“. За него било важно градот да се заштити со банкарска гаранција, а како двете фирми ќе ги уредувале понатаму односите тоа било нивна работа и веројатно уредено со меѓусебен договор. Тој посочи дека токму ова направило забуна во јавноста, а не би требало да биде нешто чудно.

„Градот го склучи договорот со наменска фирма формирана од „ФЦЛ Амбиенте“ од Италија која има меѓусебен договор со Униеко. Согласно законот за јавно-приватно партнерство, ако имате вие конзорциум, конзорциумот меѓусебе ги уредува правата и обврските во однос на склучувањето на договорот. Конзорциумот формира наменска фирма, друштво во земјата. Бидејќи во овој случај ФЦЛ Амбиенете е водечкиот член, тие ја формираат фирмата и во име на Униеко. Нивните деловни права и обврски, сепак, се деловна тајна нивна“, објаснува директорот (одговорите погледнете ги во видеото).

„ФЦЛ Амбиентe“ е формирана со влог од 10 илјади евра. Единствената информација на нивната веб страница е дека тие се формирани наменски, за да го превземат работењето на Дрисла. Она што е почудно е што нивниот партнер „Униеко“ на својата веб страница која е редовно ажурирана и на која можат да се најдат сите нивни инвестиции и проекти, ја нема ниту Дрисла, ниту Скопје, ниту партнерството со ФЦЛ Амбиентe.

Повеќе информации околу скандалот со концесијата за Дрисла можете да прочитате во следниве две стории кои своевремено ги објави НОВА.

>> Афера: Кој е новиот инвеститор во Дрисла
>>Град Скопје:
Документите за концесионерот на Дрисла се тајна

Концесијата за Дрисла се доделува на 35 години. Инвеститорот треба да вложи 72 милиони евра, а 58 од нив треба да се вложат во првите 4 години. Дали ќе се потврди концесијата за Италијанците останува да се чека до вторник, кога Советот на Град Скопје треба да ја гласа предлог одлуката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.