Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички, зголемен раст во третиот квартал од 2021

0
By Ivana on January 4, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти.

– Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ од високиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (40,8 проценти), продолжува и во третиот квартал од 2021 година и е повисок за 4,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал од 2020 година. Во однос на користењето на платежните картички на физичките места на продажба, во третиот квартал од 2021 година, беше остварен висок годишен раст од 12,8 проценти, којшто е повисок за 2,9 пати од годишниот раст остварен во истиот квартал од 2020 година, информираат од Народната банка. 

Висок раст е забележан и кај плаќањата со кредитен трансфер, односно годишниот раст кај вредноста на трансакциите изнесува 30,3 проценти, а кај бројот на извршените трансакции е 50,6 проценти.

– Електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери и натаму бележи тренд на раст, што постоеше и пред пандемијата на ковид-19, но беше дополнително поттикнат со дигиталната трансформација за време на пандемијата. Така, и во третиот квартал од 2021 година, расте употребата на електронски иницираните кредитни трансфери за 22,2 проценти на годишна основа кај бројот, односно за 31,4 проценти кај вредноста на остварените трансакции, во споредба со истиот период од 2020 година, кога бележеа годишен раст од 35,9 проценти кај бројот, односно од 30,8 проценти кај вредноста на остварените трансакции, се наведува во соопштението од Централната банка. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.