НОВА започнува со серијал на прилози за алармантната состојба со загадувањето во Кавадарци и околните села, за што главен виновник граѓаните го посоочуваат гигантот Фени.
Серијалот изобилува со ексклузивни снимки, сведоштва на граѓани, на заболени од рак,шокантни податоци, изјави од надлежните, од стручњаци во Фени, еко-здруженија.
Оваа, прва сторија е снимена со граѓаните на Кавадарци и еколошките здруженија кои бараат ситуацијата итно да се стави под контрола за да се спречат катастрофалните последици не само по нивното здравје, туку и на целиот регион кој е познат по огромните плантажи со грозје и брендираните вина.