Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните протестираа против законот за абортус

0
By Сашка Цветковска on May 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Со повици до пратеничките да не гласаат за предлогот за измени за законот за прекин на бременоста, но и со пораки за воведување бесплатна контрацепција за жените во интерес на демонстрација на вистинска грижа за репродуктивното здравје за жената, група граѓани одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија.

Според нив, предлог законот се коси со основните права и слободи и дека овој тип на закон не смее да се донесе по кратка постапка. Иако министерот за здравство изјави дека измените се 99 отсто идентични со претходниот закон, невладините активисти тврдат дека тоа не е точно и дека со ова решение се укинува досегашната одредба за слободен избор на жената за прекин на бременост до 10 недела, тврдат невладините организации.

Во анализата на Хелсиншкиот комитет за човекови права се вели следново:

-Предлог законот за прекинување на бременоста ја укинува/брише досегашната одредба на слободен избор на жената за прекин на бременоста до 10 гестациска недела преку воведување на рестрикциони механизми кои не се базирани на научни сознанија и медицина-базирана на докази ниту во согласност со постојните медицински насоки за прекинување на бременоста дефинирани од страна на Светската Здравствена Организација поради следниве одредби:
• доставување на писмено барање од страна на жената за прекин на бременоста,
• давање писмена согласност за интервенцијата од страна на жената,
• задолжително пред-абортус советување,
• известување на брачниот партнер,
• поставување на задолжително време за чекање од 3 дена по советувањето за да може да се изведе интервенцијата,
• доставување на потврда од гинеколог-специјалист

Одредбите во член 6 од предлог законот за прекинување на бременоста за барање до 10 недела се во колизија со член 2 од предлог законот кој дефинира дека за прекинување на бременоста слободно одлучува жената, што претставува повреда на одредбите од уставот и загарантираните слободи и права како и меѓународните договори ратификувани од страна на Република Македонија.

Исто така, забелешки има и на предлогот комисијата во здравствената установа да ја формира министерот, а досега пракса беше тоа да го прават самите здравствени организации. Според нив, ова доведува до големо бирократизирање на процударата, но давање голема моќ во рацете на министерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.