Американската министерка за енергетика, Џенифер Гранхолм изјави дека САД работат на зголемување на производството на нафта и извоз на „секоја молекула“ природен гас во Европа, со цел да се намали зависноста на европските земји од руската енергија.
„Веќе го одобривме ослободувањето на стратешките резерви на нафта за да го стабилизираме пазарот. САД ја извезуваат секоја молекула на течен природен гас за да го ублажат недостигот на резерви во Европа. Администрацијата на Бајден ја повика американската нафтена индустрија да го зголеми производството за да ги задоволи моменталните потреби“, истакна Гранхолм.
Вашингтон воведе забрана за увоз на руска нафта и други извори на енергија, додека европските земји не го сторија тоа, бидејќи се многу повеќе зависни од руските енергетски извори отколку САД.