Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО ја оцени како „разочарувачка“ борбата против корупцијата

4
By Соња Петрушевска on August 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Перформансите се очигледно разочарувачки и земјата јасно треба да преземе поодлучна и фокусирана акција во однос на голем број на препораки  издадени пред четири и пол години, се вели во најновиот извештај на ГРЕКО – тело на Советот на Европа, основано да го надгледува спроведувањето на антикорупциските стандарди на организацијата од страна на земјите членки.

 ГРЕКО заклучува дека сегашното многу ниско ниво на почитувањето на препораките е “глобално незадоволително”  и бара да види конкрeтни поместувања до средината на 2019 година. Критиките се однесуваат за антикорупциските мерки кои требало да ги спроведат пратениците, судиите, обвинителството и ослободувањето на ДКСК од политички влијанија.

Македонските власти имплементирале само шест од вкупно 19 препораки кои во последниот Извештај за евалуација ги доставила  ГРЕКО. Пратениците не усвоиле ниту една, освен што го усвоиле Кодексот за етичко однесување – проект што, потсетува Греко, беше заглавен од крајот на 2016 година. Сепак и во однос  на Кодексот, претставниците на Греко забележуваат дека „предупредувањето како единствена важечка санкција , па макар таа била и јавна, во врска со добивањето на  подароци и судирот на интерeси кај пратениците е недоволна да се спречат ваквите ситуации“.

„Само изјава во Кодексот дека пратеник е должен да ги почитува правилата што се однесуваат за спречување конфликт на интереси е недоволно“ пишува во Извештајот. ГРЕКО бара да се воведе целосна забрана за подароци или да се воведат построги правила – пратениците да ги одбијат  подароците или  да ги вратат во Собранието.

И покрај тоа што Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила дека некои пратеници не пријавиле анкетен лист во законскиот рок или дека не го пријавиле целиот  имот, санкции немало. Не е преземено ништо да се  пополни ваквата празнина, и за пратенциите да  следува одговорност и според Кривичниот Законик.

Што се однесува до судиите и обвинителите, направени се ограничени, одлучувачки подобрувања. Законот за Судскиот совет беше изменет во декември 2017 година и во мај 2018 година и сега се предвидува можност за жалба против одлуките за назначување, како и за периодичниот систем за оценување на судиите, кој става поголем акцент на квалитативните критериуми.

Што се однесува до системот на пријавување на средства и интереси, ГРЕКО жали што не се случил значаен развој за да се зајакне контролната функција и да се поддржи балансираниот пристап (без политичко мешање) на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ГРЕКО, исто така, забележува дека последниот извештај на Комисијата на ЕУ во контекст на преговорите за европска соседска политика и проширување, објавен во април 2018 година, не забележува напредок во однос на зајакнувањето на истражните капацитети на ДКСК и нејзината независност од политичките партии и општо, ограничена евиденција на земјата во однос на случаите со високи функционери. Од ГРЕКО потсетуваат дека ДКСК неодамна беше вмешана во сериозни контроверзи и мнозинството од нејзините членови поднесоа оставки, поради наводите за лошо управување со средствата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.