Грција од утре ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки со исклучок
на носењето маски на отворено, кое останува на актуелно препорачаното ниво за местата со поголема гужва.
Од утре Грција ќе ги укине сите епидемиолошки мерки воведени за спречување на ширење на коронавирусот, освен задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе остане на сила најмалку до крајот на мај, пишува атинскиот весник „Катимерини“.
За влез во оваа земја повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни PCR тестови, како и за ресторани, кафулиња или културни институции.