Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби – Гир: Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, време е за датум

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби денеска оствари средба со евроамбасадорот, г. Дејвид Гир.

Шефот на Канцеларијата на ЕУ, амбасадорот Гир изразил сочувство за трагичниот случај во Бугарија, давајќи поддршка за решавање на случајот во соработка меѓу двете земји.

-Поддршка за развојните и интегративните процеси на Република Северна Македонија во Европската Унија со посебен акцент на натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, беа само дел од разговорот меѓу двајцата соговорници. Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, со посебен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија. Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, регионот, но истотака понапорно да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, се вели во соопштението од Кабинетот на Груби.

Меѓу другото, Груби и Гир разговарале за политичката состојба во земјата, процесите низ кои минува Република Северна Македонија, како и потребата од поголема свест кај сите политички субјекти за поадекватно функционирање на Собранието и на проширување на парламентарното мнозинство, во корист на потребите на граѓаните и спроведувањето на европската агенда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.