Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.
Првиот Вицепремиер Груби потенцираше дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија.
Груби ја побара директната поддршка од Чешка во Декември за утврдување на датумот за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година.
Тој нагласи дека нашата земја треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ, за спроведување на реформите за членство во ЕУ и за креирање на подобри услови за живот на граѓаните.
На средбата се дискутираше дека Западен Балкан е еден од најголемите приоритети на коишто се фокусира Чешката Република во поглед на европските перспективи и дека ќе продолжи да дејствува во тој правец.
Груби и Томан се согласија дека потенцијалот за продолжување на соработката меѓу двете земји е голем.