Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Или извештај или избори на 13 Октомври

0
By Сашка Цветковска on August 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија може да остане без препораката за членство во Унијата доколку не се изгласа извештајот, призна премиерот Груевски и постави ултиматум – или извештај или избори на 13 октомври. Ова тукушто го соопшти премиерот Никола Груевски на прес конференцијата одржана вечерва.

Ги повика СДСМ да се соберат веднаш и да изгласаат како што вели „каков сакаат извештај во делот на правните кфалификации“, иако потенцираше дека јавноста ќе знаела дека тој извештај е партиски, но тие ќе се жртвувале за Македонија да не ја загуби препораката за членство во ЕУ.

Понуди извештајот да се гласа со надгласување, потенцирајќи дека СДСМ имала три члена во комисијата, алудирајќи на претседателот Борче Давитковски. Доколку Давитковски не сакал Груевски понуди да се избере претседател каков што сакале СДСМ, па макар тоа бил и Бранко Црвенковски.

Ако Борче Давтиковски не се согласи тогаш да избереме нов претседател.Подготвени сме за претседател на комисија да го прифатиме и самиот Црвенковски или Јани Макрадули или било кој тие ќе сакаат.

На тој начин СДСМ ќе добие извештај каков што сакаат, Македонија ќе се ослободи од заканата за губење на препораката. Се разбира, за најголем дел од јавноста тоа ќе биде партиски извештај, но барем ќе го има и земјата нема да ја загуби препораката, рече Груевски.

Доколку ова е неприфатливо за СДСМ, тој предлага распишување на предвремени парламентарни избори и потпишување на две верзии на извештајот – една по теркот на власта, а друга по теркот на опозицијата. Валидна ќе биде онаа верзија на извештајот чија што партија ќе победи на предвремените парламентарни избори.

-13 октомври е последен ден – недела пред 16 октомври кога доаѓа извештајот од Европската комисија. Во понеделник е последниот ден во кој може да се распушти парламентот и да се одржат избори пред извештајот да биде објавен. Очекуваме јасен одговор веднаш, а најдоцна до утре! Тие избори имаат смисла само ако се одржат пред извештајот.

-Или гласајте каков сакате извештај во делот на правните кфалификации или ајде на избори па народот нека реши, рече премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

На обвинувањата на СДСМ дека проблемите во комисијата настанале поради несогласувањата за делот за исфрлањето на новинарите од собраниската галерија каде што ВМРО не сакале да прифатат уставни прекршувања, премиерот Груевски рече дека тие тој ден го штителе Уставот и државниот поредок, додека СДСМ сакале да направат државен удар.

-Во галеријата покрај новинари имаше и партиски активисти на СДСМ кои се претставуваа како новинари и токму тие пружија отпор на службите од обезбедувањето, рече Груевски потенцирајќи дека немало пишано правило дека седниците требало да се следат токму од галеријата.

Премиерот Никола Груевски додека зборуваше за однесувањето на опозицијата, неколку пати повтори дека нивните „лаги и сплетки го пласирале преку контролирани портали“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.