НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски со реакција по пресудата за „Плацови на Водно“: Македонија живее една модерна инквизиција во која жртвата е осудена пред да почне судењето

0
By Sashko on April 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година. Исто како и тогаш: во име на народот. Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната меѓу спрегата власт-обвинителство -судство, пишува во екс премиерот Никола Груевски во пост на Фејсбук.

Неговото ново јавување на социјалната мрежа е реакција на денешната пресуда за предметот „Плацови на Водно“ за кој доби казна затвор во траење од седум години, а Судот донесе одлука и за конфискација на имот на негово име.

„Пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето. Се другото е „театар” за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата, бидејќи за правна нема реални аргументи. Аудио снимки се прифаќаат како доказ кога им одговара на обвинителството и судот, односно на власта за да осудат некој што им е таргет, но ако истите треба да докажат дека таргетираното лице нема вина, тогаш истите не се дозволува да се изведат како докази“, наведува, меѓу другото, Груевски.

Ако си политички ставен на острел, додава тој, „може да те обвинат и што не си пријавил имот кој не е и никогаш не бил твој и истиот уште и да го запленат заради политичко пропагандни цели, а вистинските негови сопственици да си молчат и уште да се среќни што извлекле жива глава”.

„Во Македонија во ова време во политички мотивираните процеси не суди судот, туку политиката. Потоа подготвени чекаат сервилните и контролирани медиуми, т.н. аналитичари и т.н. експерти да ја дораспарчат жртвата која нема никаква реална вина и да отслугуваат на политиката. Власта преку правосудниот систем прави што сака, кому сака нешто запленува и во колкава сака вредност независно од се, кому сака не запленува, зависно од близината со неа“, нагласува поранешниот премиер.

Постот на Фејсбук го завршува со став дека „нема критична маса меѓу стручната елита која е спремна да постави логични прашања колку и да гледа беззаконие и апсурдни процеси. Но, ништо не е вечно… IL BUON TEMPO VERRA (Ќе дојде добро време)“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.