Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски за Протоѓер: Жал ми е многу го почитував а падна на толку ниски гранки

0
By Ivana on December 8, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес имаше нови сведочења и нови партиски мотивирани интерпретации на провладините медиуми, делумно и вадења од контекст, со наслови како да ги добиле од штабот на СДСМ.

Јасно е дека власта и обвинителството, она што не го добиле во судницата или не го обезбедиле како доказ, се обидуваат да го добијат како перцепција кај граѓаните, со помош на повеќе партиски диригирани медиуми, кои селективно пренесуваат, вадат од контекст, особено наслови, и прават сѐ да се создаде перцепција за нешто што не е така или не е кажано или докажано во судницата. Некои тоа го нарекуваат и медиумски линч“.

Вака поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ги коментира денешните сведочења на судското рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ и извештаите во медиумите.

„Обвинителството нема апсолутно никаков доказ дека јас сум купил а подоцна и продал земјишта и сум купил станови за кои всушност постои писмен доказ дека се изнајмени. Ниту пак може да има доказ, бидејки такво нешто не се случило. Во една таква ситуација тие се обидуваат да дејствуваат со сведоци врз кои имаат начин како да извршат притисок и уцена за да го кажат она што ним, на ова партиско контролирано обвинителство им е потребно“, пишува Груевски и додава дека „ и тие луѓе се дел од политичкиот прогон на власта кон минатата власт, и тие се жртви на прогонот, и дека случаите за кои ги осомничуваат или теретат, или дури ги осудиле, се политички договорени и конструирани и немаат врска со реалноста“.

Во врска со сведочењето на Мартин Протогер, неговиот поранешен шеф на кабинет, член на ИК на партијата и еден период и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, меѓу другото, вели: „ Оној дел од неговата изјава каде говори дека во некој момент сум му спомнал дека сум земал земјиште на Водно од 10.000и метри квадратни не само што е неточна, туку ценам дека е дел од притисокот и уцената кој врз него систематски се прави од страна на партиски контролираното обвинителство“.

„Во изминатите една година читав многи шпекулации низ медиумите и слушав од некои поединци околу тоа како тој панично се обидувал да се спаси од прогонот, умилкувајки се на Заев и на обвинителството и покренувајки различни и прилично недостоинствени иницијативи, со кои на моја лична штета, неоправдано и нечесно, тој би сакал да добие поповолна позиција кај нашите заеднички политички прогонувачи, а и дека се обидувал и други да навлече на тој пат. Ако е тоа точно, а повеќе непотврдени различни извори говорат за тоа, тогаш тоа е поразително за него како личност и би ми било многу жал што еден мој соработник за кој имав многу подобро мислење, спаднал на такви ниски гранки“.

Сведочењето на Гордана Јанкуловска Груевски го оцени како „сосема коректно“, бидејќи укажала дека тој никогаш не земал или побарал пари од партиската каса, во тие години кога таа е генерален секретар, од есента 2004 до средината на 2006 година.
„Тие мислат дека ако мене ме дискредитираат, народот повеќе ќе им верува и ќе ги подржува, што нема да се случи.  Тие се една неспособна за работа криминална банда, која како никој досега во крајна мера ја злоупотребува политичката моќ која произлегува од власта и врши политички прогон, а истовремено прави огромен криминал на секој чекор, во секој миг и во несогледливи размери. Затоа и пропаѓаат. Поради неискреноста, предавствата на националните интереси, криминалот, корупцијата, неработењето и лажењето“, пишува Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025
ФОКУС

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

ВЕСТИ September 30, 2025

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни…

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025
ТИКЕР

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.