Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски, зошто граѓаните ви објавија дека доаѓаат?

0
By Биљана Секуловска on May 16, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако се обѕирнете околу себе, стравот беше тој што ги водеше овие луѓе низ животот, кој се состоеше до вчера во станување, работење, јадење, легнување. Се до умирање.

Овие луѓе, кои вие како што слушнавме, ги нарекувате будалетинки, човечиња, шиптаришта, морони, идиоти, комуњари… се плашеа од се: најмногу, тоа беше егзистенцијален страв, кој ги водеше кон страв од сопствената сенка додека чекореа со наведната глава и стравуваа дека се прислушувани, затоа и се плашеа да го соопштат своето мислење и шепотеа дури и дома, очекуваа дека ќе бидат отпуштени од работа, дека ќе бидат деградирани, малтретирани и ќе се изживувате врз нив на разни начини, им се заканувавте дека нема да имаат деца со вештачко оплодување ако не гласаат за вас, дека ја изгубиле она малку иднина ако не ве следат на митинзите, не ракоплескаат, не се окезуваат во болен грч ако не извикуваат со радост кога ќе ви се спомне името, стравот ги притискаше луѓето од говорот на омраза со кој владеевте со помош на медиумите, се плашеа дека ќе бидат сотрени, да ќе бидат фрлени сосе фамилија во ендек, дека ќе посакате да направите војна онака, во еден краток, неврзан разговор во кој одекнува демонско смеење.

И без да ве слушнеа во овие прислушувани разговори, го знаеја сопствениот крај. Тој јасно им беше соопштуван или го донесуваа заклучокот врз основа на вашата јавно обзнанувана богата историја на егзекуции, се разбира, не станува збор само за физички пресметки- кај многу луѓе беше убиена скромната желба некако да преживеат.

Мора да се признае, некои од нив го прифаќаа понижувањето со весел, скокотлив титрај во срцето, затоа што следуваше награда и почести: какво било вработување што отвора можност да добијат плата, некаде следуваа академски титули или можност да не бидат одземени со лустрација или друг вид дискредитирање, да се зграпчат функции или да се добие некакво наговестување за напредок во кариерата. И тие беа преполни со страв од вас, а денес тој им се зголемува, пропорционално со свесноста дека заслужуваат да изгубат се, затоа што добиле се, само заради подготвеноста да бидат корумпирани ако послушно молчат додека се ужасно понижувани.

Овој политички апартхејд траеше со години- во мрежата на теророт на власта беа испреплетени полицијата, судството и медиумите. Многу години подоцна, некои деца, средношколци, студенти, професори, работници, чиновници, се охрабрија. Бомбите на Заев имаат огромна улога, иако одлучувачката улога, тврдам, ја одиграа студентите и средношколците, кои којзнае зошто и како, покажаа дека ни најмалку не ви се плашат, тогаш кога маршираат за своите права, за којзнае како и зошто, не се плашат да се борат до последен здив.

Сега е доволно доцна да се бара од вас да направите било што, освен мирно да заминете. Тоа е единствениот пат кој ни преостанува на сите нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.