Москва: Во руската област Курск е воведена вонредна состојба, објави на Телеграм нејзиниот регионален гувернер Алексеј Смирнов, пренесоа француските медиуми.
Курската област се граничи со Украина и од вчера таму има влез на украинска војска.
-Оперативната ситуација и понатаму е тешка во пограничните области. За да ги елиминирам последиците од влегувањето на непријателските сили, решив да прогласам вонредна состојба, напиша Смирнов на Телеграм.