Гувернерот на украинскиот регион Запорожје, Александар Старух изјави дека автобусите кои денеска евакуаираа цивили од подрачјата кои се зафатени со воени дејствија биле цел на руско гранатирање. Четири деца се ранети, пренесува „Ројтерс“, а Старух додаде дека сите четири се веднаш хоспитализирани.
„Денеска е тежок ден, бидејќи децата повторно страдаат. Четири деца се префрлени во болница. Три се најдоа под оган во некогашниот кварт Хулиајипил, сегашен Пологивски. Семејствата го напуштија Мариупол. Побегнаа. Едно од четирите деца е во критична состојба“, напиша Старух на „Телеграм“.
„Уште едно семејство се најде под оган во селото Камјанске, како и детето кое е во критична состојба. Овие злосторници и натаму војуваат со деца. Ќе мора да одговараат за сè, за секое дете, за секој живот“, додаде гувернерот.