Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гужва во шеснаесетникот

0
By Ivana on February 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата не престана, енергетската криза продолжи, минималната плата се зголеми, за пензиите се преговара, прогресивниот данок се најавува, нешто е блокирано во Собранието, Украина ново воено жариште, цените секојдневно растат…

 

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Гужва во шеснаесетникот обично се создава при крајот на фудбалскиот натпревар, кога при фрлањето на топката отстрана, во тесниот простор на шеснаесетникот ќе се соберат дваесет играчи и се прави страшна гужва, во која е тешко да се пресуди што, всушност, се случило. Едноставно, има повеќе туркање отколку изведена акција за шанса или за гол. Деновиве чувството на бизнисот е како да се наоѓа во таков шеснаесетник и нормално е вознемирен, зашто може да се постигне гол, но и да се случи прекршок во нападот. Јасно е дека состојбата не е вообичаена. Но, да одиме по ред. Неблагодарно е какво било прогнозирање за пандемијата и за енергетската криза, на која секојдневно се изложени нашите компании. Но јасно и разумно може да се каже дека инфлацијата полека, но сигурно оди напред и дека тоа прашање, дефинитивно, е врзано за идната цена на енергенсите. Значи, додека се одржуваат или додека растат цените на енергенсите што ги увезуваме, ќе растат и цените на домашните производи и услуги.

Нивото и движењето на цените се многу важна тема бидејќи влијаат врз животниот стандард на граѓаните и врз нивната куповна моќ, но и врз ценовната конкурентност на производите и на услугите на компаниите.

Дали треба да се зборува јавно за ова прашање, бидејќи тоа може да има одраз и опасност од зголемување на инфлаторните очекувања и влегување во маѓепсаниот круг на пораст на цените, кои се хранат сами од себе?

Јас мислам дека треба, но тоа треба да се прави на одговорен начин, смирено, аргументирано и без шпекулации. Аргументираните дискусии можат само да им помогнат на економските субјекти подобро да разберат што се случува и да донесат правилни одлуки.

Јас можам да гарантирам дека приватниот сектор, по сѐ што помина во овие 30 години, има чесна намера да учествува во процесот. Ова го тврдам врз основа на фактот дека по 30 години јасно е деклариран капиталот, познати се неговите вистински сопственици, прележани се детските болести и сосема јасно сопствениците знаат дека во евентуална кризна ситуација не ќе можат фабриките да ги кренат на рамо и да ги однесат надвор од државата. Значи, имаат една опција – да се борат да ја направат својата држава држава во која постојат минимум правила на правна сигурност и заштита, на пазарна економија и на фер однос на Владата и спрема нив и спрема граѓаните.

Најголем ризик во овој момент е да не се преземе никаков ризик. Во свет кој се менува со огромна брзина, единствена стратешка грешка е воопшто да не се ризикува. А за некој да повлече таков потег, мора сите учесници во процесот да имаат морален интегритет, кој ќе биде разбран од трите преговарачки страни: и од бизнисот, и од Владата и од граѓаните.

Дали е тоа можно кај нас кога јавниот сектор е обремент со огромна неефикасна администрација, граѓаните со ниски примања и со постојана борба за егзистенција, а приватниот сектор со непредвидливост која е огромна опасност за неговиот развој?

Можно е само ако точно се знае колкава е опасноста од претходните констатации, затоа што, покрај домашните проблеми, соочени сме и со пренесени проблеми однадвор, кои не зависат воопшто од нас. Мислам дека би било добро овие прашања да добијат и регионално значење, затоа што во вакви кризи, ако си обединет, имаш поголеми шанси да поминеш со помали штети.

П.С. Излезе од печат мојата нова книга со наслов „Што ни се случува?“, во која јавно обзнанувам сегменти од јавни настапи, искажани ставови, содржини од дадени интервјуа, напишани колумни, пратени пораки. Бидејќи сме оневозможени да организираме јавна промоција (која е вообичаена) поради актуелните ограничувања предизвикани од вирусот КОВИД 19, ги повикувам сите заинтересирани да наминат во Стопанската комора во петок, 25.2.2022 година, од 12 до 13 часот, за да добијат бесплатен примерок од книгата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.