Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџи Лега: Тодоров одби проект за намалување на смртноста на бебињата

0
By Менче Атанасова Точи on October 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новороденчиња на гинекологија умираат поради предвременото породување предизвикано од ризична бременост, а не поради недоволниот број на инкубатори, тврди за НОВА Марија Хаџи Лега поранешна директорка на Клиниката за гинекологија. Таа обвинува дека екс министерот Тодоров не сакал да го прифати проектот за водење на здрава бременост со кој може да се намали смртноста, на кој тим од гинеколози работеле цела година. Хаџи Лега смета дека стратегијата за превенција има недостатоци, но не наишле на слух кај тогашниот министер за здравство за да се направат измени.

„Две години сме во политичка криза и сите проекти се застанати. Ние една година работевме на проблемот со предвремените породувања во рамки на перинаталниот комитет, но Тодоров не го прифати проектот. Затоа политиката не треба да се меша во стручноста “, изјави за НОВА Хаџи Лега, која во моментот е на боледување.

Поранешната директорка која беше позната по нејзината блискост со екс министерот Тодоров, сега се дистанцира од политиката и партијата која ја назначи да раководи со клиниката. Токму во нејзиното раководење се случи најголемиот пораст на смртност на новороденчиња. Минатата година на клиниката починаа 184 новороденчиња,  два пати повеќе од претходната 2015 година. Годинава очигледно ќе биде со уште поголем пораст бидејќи само во првите седум месеци регистрирани се 127 смртни случаи кај новороденчиња.

Хаџи Лега тврди дека главно смртните случаи се кај новороденчиња под 26 гестациска недела и смета дека смртноста на новороденчињата може да се намали само ако добро се организира перинаталната грижа. Тоа значи добра организација и превенција за трудниците. Бројот на инкубатори не е важен бидејќи им е потребен само на 1 процент од новородените деца, а што е со останатите 99 проценти од бебињата, вели Хаџи Лега. Таа смета дека на клиниката  додека беше директорка купени се  респиратори и инкубатори , како и друга медицинска опрема.

 

Пред две недели Државниот санитарен инспекторат потврди дека катастрофално лошите услови на Клиниката за гинекологија допринеле за  зголемената смртност на новороденчиња. Инспекторите утврдиле дека во еден инкубатор биле сместувани по две новороденчиња бидејќи клиниката има недостиг од инкубатори, но и од простор за интензивна нега.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.