Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан за НОВА: Ќе и дадеме чиста препорака на Македонија

1
By Светлана Јовановска on February 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Благодарам за ова интервју. Г-дине комесар, би сакала да почнам со спорот за името. Грчката непопустливост за спорот со името цената не е висока. Но во Република Македонија приказната е поинаква. За Македонија ризикот е нејзиниот иден развој па дури и стабилноста. Дали е ЕУ способна да направи нешто за да ја смени оваа нерамнотежа?

Хан:

Како што знаете ова прашање трае многу години. Она што ние во ЕУ го направивме е да ги олесниме билатералните разговори меѓу двете страни но без нас. И тоа важно. Важно е што колегите од Скопје и Атина седат заедно, градат доверба и бараат решение. Односите се добри помеѓу двата министри за надворешни, неодамна и помеѓу двајцата премиери, има нов ангажман од страна ЕУ преку специјалниот пратеник Нимиц, така што јас сум оптимист дека ќе можат да го решат прашање а важно е што тоа го прават сами затоа што на тој начин се доаѓа до трајно и одржливо решение.

НОВА:

Илјадници луѓе протестираа во неделата во Атина. Дали, според вас, Грција е способна за направи компромис без да дојде до голем внатрешно-политички земјотрес?

Хан:

Да, предизвикот е голем. Но, грчкиот премиер, когошто го сретнав неодамна во Давос, ме увери дека е посветен, заедно со министерот за надворешни работи, за да се најде решение. Со оглед на актуелниот степен на дискусијата, не би сакал повеќе да зборувам за да не се помисли дека провоцирам. Важно е тоа што тие седат, работат и покажуваат одговорност.

НОВА:

Луѓето што протестираа во неделата бараа компромисот да не го содржи терминот “Македонија”. Што мислите вие за ова барање?

Хан:

Да повторам. На овој степен на преговорите не сакам да давам никакви коментари. Оставете ги преговарачите да најдат решение а јас сум уверен дека се способни тоа да го сторат.

НОВА:

Прашање за стратегијата за Западен Балкан. Што значи таа стратегија за Македонија?

Хан:

Пред се тоа е стратегија што се однесува на сите земји од регионот и сите имаа европска перспектива а тоа важно. Бидејќи секоја земја има корист од тоа што другите, некои порано некои подоцна, ќе бидат спремни да влезат во ЕУ, во единствениот пазар, во заштитата да се биде во големо семејство. Тоа е целта и тоа е прецизно претставено во оваа стратегија.

За Скопје е важно што сега има цврста определба којашто, се надевам, ќе биде потврдена на самитот во Софија во мај 2018 година. Дел од таа стратегија ќе биде еден вид патоказ за следните 3 години – 2018 година, 2019 година и 2020 година во 6 различни области во кои што предлагаме 57 конкретни проекти во економскиот развој, владеењето на правото, дигитализацијата, директните контакти помеѓу граѓаните за да се направат конкректен чекор напред и да се забрза, доколку има политичка волја, целиот процес. И тоа се разбира се однесува на Скопје.

НОВА:

Дали е можна успешна европска балканска приказна доколку Македонија не почне преговори за членство во јуни?

Хан:

Не можам да го предвидам одлуките земјите членки. Ние во Комисијата можеме да ја завршиме нашата внатрешна оценка. Наша намера е да излеземе со препорака за преговори. Но тоа е делот на Комисијата а на крајот земјите членки ќе одлучат, ќе дадат нивната оценка. Тоа е процедурата.

НОВА:

За реформите во Македонија. Тие се доста спори, така тоа го чувствуваат граѓаните и со тоа расте незадоволството во земјата. Што вие мислите за ефикасноста на реформите? Што би рекол г-дин Прибе?

Хан:

Ние сме постојано во контакт со Прибе. го разбирам нестрпливи на граѓаните, јас исто сум нестрплив и се надевам и политичарите во Скопје се нестпливи. Но во демократија треба трпение, потребно е мнозинство и компромис во којшто секој дава нешто и за да добие повеќе. Управувањето со очекувањата е клучниот збор. Мислам дека владата е посветена и ја добива сета поддршка од европското семејство и се надевам дека наскоро ќе биде завршено. Многу одлуки се веќе донесени. А кога станува збор за националната цел, европската перспектива, претпоставувам дека и опозицијата придонесува активно за остварување на таа цел. Тоа не значи дека треба да се прифати се и сешто, туку конструктивно да се учествува. Тоа значи исто така дека владата ја вклучува опозицијата во сите мерки.На тоа треба да се гледа како на национална цел. Сите партии потврдија дека ја поддржуваат европската интеграција па оттука очекува национален консензус.

НОВА:

Пред една недела се сретнавте со опозицијата во Брисел. Која беше вашата порака до опозицијата. Дали ве уверија дека ќе бидат позитивни и конструктивни?

Хан:

Да, тоа беше мојата порака и тоа е пораката за сите со кои зборувам во Скопје. Да придонесат и да учествуваат во оваа трка кон ЕУ интеграција. Затоа реков дека треба двајца за танго и тоа значи дека опозицијата и владата треба да работат заедно конструктивно. Кога владата има предлог, треба да и даде време на опозицијата да го разгледа предлогот. Опозцијата од друга страна треба да работи на конструктивен начин и дух. Тоа е идеален начин за постигнување национална цел.

НОВА:

Дали владата доволно и пружа рака на опозицијата?

Хан:

Од владата постојано ме уверуваат дека тоа е така. Опозицијата ме уверува дека е конструктивна. Така што се надевам, иако не читам на усни, дека конкретните најави ќе се реализираат .

НОВА:

Опозицијата вели дека економијата во земјата тоне и точно е дека економијата не е доволно добра. Дали го делите овој став?

Хан:

Земјата страдаше поради нејасната политичка ситуација. Со тоа некои инвеститори ги ставија во чекална нивните предлози или инвестираа на друго место. Сега довербата се враќа но тоа не се прави во два дена. Но ако можеме да го направиме следниот чекор во ЕУ интеграцијата и во идеални услови да почнеме преговори тоа ќе донесе инвестициски бум, како што се случи во Србија. Вие имате способна работна сила. Европски фирми ме уверуваа дека има квалитетни луѓе во земјата. Од друга страна, треба да се избегне понатамошно одлевање на мозоци со што сме соочени и денес. Затоа ни се потребни квалификувани работни места. И тоа може да се постигне. Но, уште еднаш. Потребно е заеднички став за тоа што е европската перспектива и сите заедно треба да придонесат. Тоа не значи дека едната страна треба да даде се, но треба да се има визија и како секој може да придонесе и да се помогне во тој широк пат.

Благодарам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.