Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хезболах го изврши најголемиот истовремен напад со ракети и дронови врз израелски цели од 8 октомври

0
By Zoran Ivanov on June 13, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Либанската екстремистичка организација Хезболах денеска го изврши најголемиот истовремен напад со беспилотни летала врз базите и позициите на израелската армија од почетокот на прекуграничните конфликти пред повеќе од осум месеци, по убиството на еден од нејзините команданти во израелски напад.

Хезболах тврди дека овие напади ги извршува како поддршка на својот палестински сојузник Хамас кој води војна против израелската армија во Појасот Газа,

Во денешното соопштение проиранскиот Хезболах наведува дека се извршени ракетни и беспилотни напади врз шест бази и воени позиции, а беспилотните летала наполнети со експлозив истовремено нападнале уште три израелски бази.

Тие напади, како што е наведено, се „дел од одговорот на убиството“ на командантот на Талеб, Сами Абдула во вторникот во напад во јужен Либан во близина на границата со северен Израел.

Израелската армијата потврди дека го елиминирала Абдула, кој според неа планирал и изведувал напади врз Израел.

Денеска израелската армија соопшти дека биле истрелани околу 40 проектили во правец на Галилеја и Голанската висорамнина, која е делумно окупирана од Израел. Многумина беа пресретнати, а други подметнаа пожар.

Сепак, официјален претставник на Хезболах подоцна изјави дека 150 ракети и 30 самоубиствени беспилотни летала биле истрелани врз 15 израелски позиции, објави катарската телевизија Ал Џезира. Како одговор, Израел изврши напади врз цели на Хезболах во Либан, објавија израелските медиуми.

За време на прес-конференцијата, портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер предупреди дека Израел ќе одговори насилно на секоја агресија на Хезболах.

Во последниве недели, прекуграничните судири се интензивираа и Хезболах сè повеќе користи беспилотни летала за да ги нападне израелските позиции, а Израел одговори со целни напади насочени кон борците на организацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.