Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хипокризијата како грижа – легитимирано и легализирано уништување на културното наследство

0
By Marija Todorovska on April 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции”. Овој цитат може да биде совршен опис на делови од законот, на пример оние за “заштитни археолошки истражувања”, кои редовно завршуваат токму со хотел, трговски центар или земја за инвестици. Ретко, а можеби и никогаш со “заштита” на она поради кои постојат: културното наследство.

Никица Корубин

“Шокот” за третманот на културното наследство, кое настапи во јавноста, после интервјуто на министерот за култура во емисијата “Вин Вин” добива патетично-комични размери. И се одвива, како во филмска секвенца, која постои сама за себе: нема ништо пред тоа, а ниту потоа. Никаков контекст. Но, за наша жал, има “многу пред тоа”, кое се’ што “следи потоа”, го прави бесмислено. Каква што е бесмислена секоја декларативна грижа за состојбата на нашето културно наследство. Чие друго име е, она омиленото за манипулации и деструкции: идентитет.

Но, комичноста и површноста на реакциите, не се резултат на плиткост, туку на апсолутна свесност. Со или без намера, штетата е еднаква. Свеста за моќта, ништо да не се промени, се’ да остане во вртлогот на системот на “хаотична измешана надлежност”, под строга контрола на институциите на “заробената држава”, и нејзините подобни експоненти, така добро чувана и негувана од македонскиот партиски/партократски двоец ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Па, кога вторите “загрижено” ќе кажат дека “министерот за култура, Зоран Љутков, сериозно предложи културното наследство да му се препушти на бизнис секторот”; пропуштаат само една мала “ситница”: тој само го продолжува она што тие го предложиле, во Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство (2021-2025): “Промовирање на јавно-приватно партнерство во управувањето со наследството и финансирање на одредени активности за негова заштита (долгорочна цел)”.

Исто, како што “пропуштаат” да не’ потсетат дека системскиот Закон за заштита на културното наследство (донесен во “нивно” време, во 2004 година), со игнорирана обврска од ЕУ од 2018 година за изработка на нов закон; пропишува изработка на стратегија за “користење”, а не за “управување” со културното наследство. Тоа што 20 години, се “шминка и дотерува” законот, со сите подзаконски акти, за “легализирано уништување” на културното наследство, за нефункционални и незаконски институции, за контрола на “влез во истите” и особено строго контрола на управување и креирање на политика во истите; е небитен факт за “загрижените партии” и комфорните експерти.

Па, така “загрижени”, дозволуваат и потсвеста да проговори: „Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции”. Овој цитат може да биде совршен опис на делови од законот, на пример оние за “заштитни археолошки истражувања”, кои редовно завршуваат токму со хотел, трговски центар или земја за инвестици. Ретко, а можеби и никогаш со “заштита” на она поради кои постојат: културното наследство.

А, може да биде и опис на парадоксално-накарадната улога што ја има, хибридната институција со помпезно име Управа за заштита на културното наследство (внимателно “(до)чувана и негувана” од СДСМ за да може партнерите од ВМРО-ДПМНЕ да ја продолажат нејзината експлоатација); која пак во сопствен “посед” си има цел археолошки локалитет (Плаошник), со сите автентични и нови објекти изградени врз археолошкиот локалитет, која инаку, таа самата, треба да го штити од уништување.

Звучи апсурдно или морбидно? Или звучи совршено “нормално” за оние кои што “се грижат” за културното наследство. Кое и не мора секогаш да биде баш толку “старо”. Нешто старо, нешто ново, нешто уништено. Во една реченица, нашето културно наследство, со акцент на уништено.

Така што, “не го убивајте гласникот”, затоа што во партискиот свет на хиерархија и контрола од “заробената држава”, тешко дека гласот на министерот е најмоќниот и најсилниот. И во министерството, и во владата и во партијата. Тој само го пренесува она што сите го знаете. Од сите позиции на моќ, власт и влијание, кои свесно беа пасивизирани, релативизирани и опструирани. Токму за да се сочува вашиот партократски систем на “заробената држава”.

И единствено што е интересно, во оваа бајата “грижа” за културното наследство е неговата очигледна изолираност, метафорички “совршена мета за отстрел”. Во кое културното наследство е само “мамката”, кое само ќе ги отвори, никогаш затворените “рани” на легализираното и легитимираното безмилосно уништување на културното наследство. Некој говори јавно, некој работи “законски”, а некој работи прикриено.

Но, суштината е иста, нашето културно наследство во овој систем на “заробена држава”, која солидарно се (само)заштитува е обична алатка. За бизнис, за интерес, за позиција или за идеологија, сеедно. Ефектот е ужасен. А културното наследство во процес на ефективно систематско, законски и партиско/партократски “спонзорирано” уништување. И тоа е почетната точка за размислување: кој се сомнева во нашето културно наследство и не го третира како свое?

 

археолошки истражувања културно наследство Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.