Нема веќе молк, нема повеќе страв – Институциите се плашат кога чесните луѓе се здружени, порача од протестниот марш пред Владата активистот Бленди Ходаи.
Должни сме им на сите кои изгубија, нема повеќе страв, системот е следен, порача Ходаи од пред Влада и додаде дека „додека тие ги полнат своите џебови, ние ќе продолжиме да ги полниме улиците, се додека не видиме системска промена.
Оваа држава или ќе ја направиме да функционира за сите, или ќе остане заробена, но вие покажавте вечерва дека не се плашите, порача Ходаи по што следуваа аплаузи и скандирања од толпата.