Најновото признание за играниот филм „ХОМО“ (анг. „Only Human“) во режија на Игор Иванов – Изи доаѓа од Тамил Наду Филм Фестивал, кој се одржа од 10-ти до 19-ти август во Ченај – главниот град на најјужната индиска држава Тамил Наду и кој на својата публика ѝ понуди програма од осумдесетина филмови од сите континенти на светот.
Фестивалското жири му ја додели на „ХОМО“ Наградата „Златен Козорог“ за најдобро сценарио во рамките на Интернационалната компетитивна програма на игран филм, која прикажа селекција од 19 наслови. Линк