Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хосе Емилио Пачеко добитник на Златниот венец на СВП

0
By on February 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хосе Емилио Пачеко, еден од најзначајните мексикански писатели, е добитник на „Златен венец“ на годинашните 52. Струшки вечери на поезијата.
Одлуката ја донесе Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ на предлог на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП.
– Со доделувањето на наградата „Златен венец“ на СВП за 2012 на Хосе Емилио Пачеко, Струшките вечери на поезијата уште еднаш ја потврдуваат својата висока цел: преку различностите да се сочува духовното единство на светот. И дека поетскиот јазик е единствен, универзален и ги содржи сите говорни јазици на светот, истакна претседателот на УО на поетскиот фестивал во Струга, Славе Ѓорго Димовски, на соопштувањето на годинашниот лаурет во МАНУ.
Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска посочи дека Хосе Емилио Пачеко е еден од најеминентните поети на неговата генерација
-Верувам дека присуството на овој автор на годинашното издание на СВП ќе биде провокација за многу љубители на пишаниот збор кои повторно ќе ја посетат нашата земја и ќе станат дел од традиционалното празнување на поезијата во Република Македонија, рече Канческа-Милевска.
Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити 1939 година. Во родниот град се образувал, а подоцна предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Член е на Мексиканската академија на јазиците. Пачеко зад себе има петдецениско творештво кое го издигнува во височините, не само на мексиканската литература на каја и припагаат Борхес и Октавио Паз, туку и во целокупната хиспаноамериканска, а и светска литература. За своето исклучитерлно поетско творештво многукратно е наградуван, а е лауреат и на големата награда Сервантес, која се доделува за исклучителни достигнувања во литературата пишувана на шпански јазик.
Темите во неговата поезија се универзални, тие се вечните теми отсекогаш што го тиштеле човекот: минливоста, тагата, песимизмот, пропагањето на сите човекови дела, и материјални и духовни, исконската поврзаност со предхиспанските цивилизавии, историски ломови итн. односно, дека се е минливо, само природата е онаа вечно што трае.
Пачеко добивањето на „Златен венец“ го доживува како најдобар надомест кој можел да го добие за половина век работа, со оглед дека годинава се навршуваат педесет години откако се појави мојата прва стихозбирка „Елементите на ноќта“.
– Уште од далечните шеесетти години читав и слушав за Струшките вечери на поезијата како едни од најголемите средби во светот од својот вид. Знаев дека наградата Златен венец се доделува на големи поети на кои вистински им се воодушевувам како Адонис, Одн, Бродски, Гилвик, Хини, Монтале, Неруда и Транстромер, луѓе кои, како што вели Т.С. Елиот, „човек не може да ги имитира“. Затоа, не со лажна скромност, туку со вистинска искреност, ќе речам дека никогаш не мислев да се најдам во тоа друштво благодарение на дарежливоста на Управниот одбор кој ми ја додели оваа голема награда. Им благодарам за тоа од длабочината на моето битие и чувствувам дека на некој начин тоа го оправдува моето постоење во светот, вели во пораката до СВП мексиканскиот поет.
Во изминатите 50 години постоење на фестивалот во Струга, преку пет илјади поети, есеисти и критичари ја посетија Македонија и го презентираа своето творештво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.