Моите мисли се со украинскиот народ, напиша на Фејсбук познатиот актер Арнолд Шварценегер. Не сум експерт за надворешна политика, вели тој, па ќе ги препуштам анализите на попаметни од мене.
„Знам како е да растеш во поствоени услови, и знам дека во војна и по војна сите страдаат и никој не е победник. Имам пријатели и обожаватели во Украина, имам пријатели и обожаватели и во Русија. Можам да кажам дека никој од нив не го сака ова. Се надевам дека разумот ќе преовлада и оваа војна ќе заврши пред да бидат уништени многу животи. Во меѓувреме, јас сум со луѓето во Украина. Ги делам нивната тага и нивната надеж за мир“, вели филмската легенда.
Тој додава дека многу луѓе му барале интервју за ситуацијата но смета дека вестите треба да се фокусираат на тоа што се случува на теренот и на трагедијата „која на сите ни ги скрши срцата“.