Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И општините како владата во рекламно лудило

0
By Сашка Цветковска on March 14, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рекламната “треска” што ја зафати владата во изминативе неколку години не ја одмина ниту локалната самоуправа. Да се рекламираш е најважно од се, па макар твојата општина била и најсиромашната во државата. Ова може да се заклучи ако се погледне евиденцијата на мали и средни набавки кои се прават без објавувување огласи, а кои институциите се должни да ги доставуваат на секои 6 месеци.

Се најмуваат фотографи, се печатат постери, се снимаат реклами и репортажи, радио емисии, се купува рекламен простор во весници, локални телевизии и билборди, а се оди дотаму што има и општини кои “купуваат” вести и информации од интернет портали. Така на пример, општината Гази Баба пријавила потрошени 360 000 денари за “набавка на обработени видео и аудио весто” од фирмата ЕМ Медиа, односно порталот Курир. Гази Баба е една од општините со најмногу реклами и огласи во печатените медиуми. За таа цел минатата година потрошила 1 300 000 денари или околу 22 илјади евра. Покрај тоа, пари се трошеле и на фотографирање, емитување репоратажи и слично.

Општина Аеородром, исто така е помеѓу поголемите трошаџии во сферата на промоцијата. За општинскиот весник лани потрошиле 3 270 000 денари, а за закуп на рекламен простор 1 520 000 денари. Тие се и единствената општина која плаќа за одржување на своите фан страници на социјалните мрежи. За таа цел на фирмата Мноого Медиа и исплатила 295 000 денари за 2012 година.

И општината Ѓорче Петров е во топ десетте општини кои трошат најмногу на себепромоција. Само за  да ги фотографираат платиле 450 000 денари. 350 000 денари чинеле услугите за снимање видеа со активностите на општините. А за реклами во печатените медиуми платиле 1 728 000 денари. Дополнително исплатиле уште 2 614 000 денари за рекламен промотивен материјал и закуп на рекламен простор.Општина Карпош за 2012 во Бирото пријавила дека потрошила 2 700 000 денари за закуп на реклами на интернет, а два милиона од нив отишле на печатење на рекламен материјал.

Општина Прилеп, пак, е рекордер во склучени договори за закуп на рекламен простор во медиуми, но за ниту еден од договорите не доставила податоци колку пари потрошила, туку само ги набројале склучените договори. Исто така, тоа е единствената општина каде освен општината, се рекламираа и прилепскиот водовод, кој за тие активности лани потрошил 2 милиони денари.
Помеѓу еден и два милиона денара на рекламни материјали потрошиле речиси сите поголеми општини меѓу кои Гевгелија, Илинден, Бутел, Гостивар и така натаму.

Не штедат ниту традиционално сиромашните општини. Крушево, Пехчево, Неготино, Кочани, Кавадарци, Делчево, Берово  – сите тие давале по најмалку 6 илјади евра за рекламите на локалните ТВ станици, промотивни активности на општините и градоначалникот и слично.

И, додека Нова ги прегледуваше малите набавки, не можеше,а да не забележи дека речиси сите општини во Македонија, со исклучок на пет до шест општини, изнајмуваат фотокопирни апарати. И ако на фотокопир машина  која чини помеѓу 50 и 300 илјади денари се штеди, на промоција полежерно се даваат пари.

Единствената општина за која не постојат податоци за јавните набавки во Бирото е општината Шуто Оризари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.