Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) соопшти оти Украина потврдила дека руските трупи излегле од Чернобил и „ја пренеле контролата над нуклеарната централа на украинскиот персонал“.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, персоналот во фабриката рекло дека нема повеќе „аутсајдери“ на локацијата, иако ИАЕА претходно истакна дека не е во состојба да потврди такво нешто.
Украински „Енергоатом“ вчера порача дека руските сили ја напуштаат нуклеарката и дека се упатиле во правец на украинско-белоруската граница.
Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа „Чернобил“ уште на самиот почеток на инвазијата на Украина.