Исламската држава го опиша човекот кој го изврши нападот како „војник на Исламската држава и некој кој го изврши нападот како одмазда за муслиманите во Палестина и насекаде“.
Осомничениот за нападот со нож во западниот германски град Солинген, во кој во петокот вечерта загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија денеска властите.
Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи во петокот вечерта на фестивалот кој ја слави 650-годишната историја на градот.
Осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое беше извршена рација во саботата, соопштија властите.