Ѓорѓи Спасов: И бидејќи сега државата е со изгубена гордост, а нацијата со изгубено достоинство, тие ветуваат дека ако која било од нив стане претседателка на државата, и ако дојде до промена на оваа „ненародна власт“, Македонија ќе станеле повторно горда со Гордана, а нацијата повторно достоинствена со Билјана.
Едно е што двете, со невидена надменост, тврдат дека да биле тие на власт и да имале можност тие да преговараат, наместо „неспособните преговарачи од сегашната“, тие нема да го виткале ‘рбетот пред соседите и големите сили и со силни аргументи засновани врз меѓународното право, ќе обезбеделе Македонија да остане горда, а нацијата достоинствена како до 2016 година. Линк