Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идејата за создавање офшор зона во Македонија опасна по сувереноста на земјата

0
By Сашка Цветковска on October 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Видео сторијата на НОВА објаснува што преставуваат офшор зоните, како функционираат, како се кријат парите од даночните обврзници од целиот свет, како и кои бизниси во Македонија во својата сопственичка структура имаат компании кои се креирани во овие дестинации

Предложените уставни измени со кои се предвидува креирање на посебна економска зона носат опасност по унитарниста на државата, вака вчера Венецијанската комисија го оцени овој амандман предупредувајќи дека оваа измена во Уставот може да доведе до создавање на „држава во држава“.

Комисијата веќе побарала ревидирање на овој амандман од властите, а како што тврдат, власта им дала уверување дека тоа ќе го стори.

Но каква опасност претставуваат ваквите зони и колку блиску се до идејата Македонија да стане даночен рај? Или, кому тоа најмногу му одговара. Поранешниот гувернер на Македонија Петар Гошев вели дека креирањето на овие зони ќе ги загрози македонските евроинтеграции. Тој се надева дека власта ќе ги земе сериозно во предвид забелешките на Венецијанската комисија и ќе се откаже од оваа намера.

– Ако не го есапиме мислењето на Комисијата тоа ќе значи дека ние не одиме кон приближување кон ЕУ и кон хармонизирање на нашето законодавство со европското, туку одиме во спротивна насока, тоа е дополнителна пречка, кога навистина би продолжиме кон ЕУ тогаш тие ќе мора пак да го менуваат уставот и повторно да прават непотребни трошоци за земјава. Сето ова се случува во време кога ЕУ превзема чекори за фискална унија, а ова што ние го правиме е спротивно на тоа и спротивно на пазарните и принципите на транспарентност, вели Гошев за НОВА.

Доколку уставните измени се донесат и таа се креира, тоа ќе значи дека во зоната единствено ќе важат кривичните закони, а внатре во зоната ќе има посебно законодавство и засебни судови кои во рамки на зоната ќе ги решаваат споровите. Фирми ќе може да отвораат странски лица, а за нив ќе има посебни даночни ослободувања, односно ниски или речиси никакви давачки.

Овие сценарија ги загрижуваат и домашните бизнисмени кои, исто така, се надеваат дека власта ќе ја послуша Венецијанската комисија. Извршниот директор на Конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков вели дека ваквата можност ќе ги усложни работите за домашните бизнисмени кои ќе бидат ставени во нееднаква положба.

– Тие се директна конкуренција на слободните економски зони и потоа и на македонското стопанство. На вака мал пазар да имате три различни концепти на бизнис е конфузно. Ние стоиме на пораката дека треба да останеме на овие два концепта кои директно ќе ги поттикнуваат странските директни инвестиции и сметаме дека тоа е доволно, вели Бошков за НОВА.

На неодамнешната трибина одржана во клубот ГЕМ, а посветена на предложените уставни измени, финансиски и правни експерти остро го критикуваа предлогот за креирање на посебни финансиски зони. Професорот и експерт за уставно право Светозар Шкариќ амандманот го оцени како удар врз сувереноста и унитарноста на Република Македонија.

-Дрско и арогантно, предлагачот кажува дека во меѓународната финансиска зона „даночното, комерцијално-деловното и граѓанското право нема да се применуваат“. Нема да важи граЃанското право – „срцевата комора“ на правниот систем. Нема да се применуваат ни уставното ни меѓународното право. Тоа предлагачот не го кажува. Оперира со категориите „важечките стандарди на организацијата на обединетите нации“ и „највисоките меѓународни стандарди“. Тоа не се правни поими и категории. Во зоната ќе се применува посебна правна регулатива, освен прописите од областа на кривичното право на Република Македонија. Но, и тие нема да се применуваат во целост, бидејќи „зоната ќе донесе акти со кои ќе се регулира спречувањето на перење пари и финансирање тероризам и супервизијата според важечките стандарди на Организацијата на Обединетите нации“.Надвор од примената ќе биде и судското право на Република Македонија. Зоната ќе има свои судски и регулаторни органи и сама ќе ги решава споровите во рамките на зоната, на начин што сама ќе го определи, рече професорот Шкариќ.

Поранешниот гувернер Петар Гошев ја даде истата оценка како и Венецијанската комисија – дека овој концепт претставува концепт на градење на држава во држава.

-Тоа ќе биде држава во држава. Сите знаеме дека Американците ја купија Аљаска од Русите за одредена сума и тоа се испостави дека е нивната најдобра инвестиција досега, со оглед на природните богатства што ги има овој предел. Нашиов Никола планира да отуѓи дел од територијата на Македонија и тоа беспари. Од зоната нема да собираме даноци и не се знае дали ќе добиеме барем трошки од тој бизнис. Со зонатa ѝ се ставаме на услуга на меѓународната финансиска мафија. Ние нема да имаме корист од неа, ќе бидеме само измеќари и со тоа не можете да градите репутација во светот. Впрочем, не можете да градите репутација со Субрата Рој, Контоминас и соГазда Нини, рече Гошев на трибината.

Иако гласаше за пристапување кон измени на Уставот и пратеникот од владејачката коалциија Павле Трајанов ја критикуваше идејата за даночен рај во Македонија потенцирајќи дека со овие измени можат да бидат загрозени евроатланските интеграции на земјата.

-Тие зони може да станат рај за перење валкани пари од трговијата со дрога или од тероризам, затоа што државата во тие зони нема никакви инструменти да го контролира текот на парите. Тоа може да биде од голема штета за Македонија и може да ги загрози нашите стратешки интереси да станеме членка на НАТО и на ЕУ, рече Трајанов летоска на седницата за пристапување кон уставните измени.

НОВА повеќе од една година истражува и објавува текстови кои откриваат во кои бизниси се вклучени тајни сопствеништва од офшор дестинациите како Белизе, Панама, Лугано, Џерси и други. НОВА подготови и видео кое преку анимација објаснува како, всушност, функционираат овие системи. Во продолжение ви ги прикажуваме сите истражувања на НОВА кои откриле кои компании, јавни претрпијатија и личности имаат врски со даночните раеви на различни делови од светот.

Тајни газди од даночните раеви ќе печалат од монополот на Државна видео лотарија

Бизнис тајните од тропските острови и Скопје 2014

Кои се тајните бизнис соработници на Мијалков и Камчев

Мијалков ја продаде фирмата во Чешка на газди од даночните раеви

Добрата судбина на Гркот Кондоминас во Македонија

Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби

Македонски бизнисмени оперираат со фирми во даночните раеви

Истражување: Кои се Македонците со фирми во оф-шор кралството Панама

Од 2001 до 2010 од Македонија излегле 4,6 милијарди долари црни пари

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.