Бранко Тричковски: Тоа што се случува и кај нас и во светот на високиот бран на ултрадесниот популизам со фашистички бои, само укажува на смртоносната опасност за народите за луѓето и за цивилизацијата, пострашна од атомската бомба односно укажува на потребата луѓето да бидат порелаксирани кога се повикуваат на една земја, на еден народ или раса, ако веќе не можат да престанат тоа да го прават. Македонците се први кои од тоа треба да извлечат заклучок. Во тоа се крие дел од животот што требаше и треба да го уништат за да се задржат себе си на полето за културен натпревар меѓу народите.
Мудроста е космополитска, тоа многу добро го разбрале стоиците. Гете, после поразот кај Јена, одбил да се придружи на патриотскиот жар на својата земја и му забранил на својот син да стапи во ослободителната војска, а самиот се занимавал со селектирање на своите гравири. Според него, „најзлобните земји имаат најдобри патриоти”.
Извор: Фронтлајн.мк
