Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игра на пера и суети

0
By Zoran Ivanov on January 27, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 27, 2026 07:33

Кога на новиарите и  на медиумите им се укажува на заблудата дека не станува збор за мешање во уредувачката политика, туку на потребата од осуда на константна употреба на навреди кон политичка партија и на лични навреди кон нејзиното раководство, тие ослепуваат од илузиите на нивниот реактивен ум дека се претвораат во бедем на слободата на искажаниот збор. А кога саморегулацијата, создадена да го штити јавниот интерес и професионалната етика, се претвора во алатка за политичка пресметка, тогаш не сме сведоци на грижа за Кодексот, туку на обид да се дисциплинира критиката. Да се замори. Да се исплаши. Да се научи каде и е местото. Тоа не е одбрана на професијата, туку нејзино инструментализирање.

Жанета Ќосе

Ноам Чомски одамна не предупреди дека најуспешната форма на контрола не доаѓа со чизми и забрани, туку со тивка согласност. Со убедување. Со навика. Со доброволна дисциплина. Со оној суптилен миг кога новинарот престанува да се плаши од цензурата затоа што веќе научил сам да се цензурира, или уште порафинирано, да и се додворува на власта мислејќи дека така станува „релевантен“, „влијателен“, „одговорен“, дури и „државотворен“. Токму таму започнува играта на пера и суети, игра која изгледа интелектуално, а завршува длабоко деструктивно.

Постои момент во секое општество кога хаосот не се создава од надворешен притисок, туку од внатрешно распаѓање. Во теоријата тоа се нарекува ентропија – процес во кој системот постепено ја губи структурата, логиката и функцијата, без спектакуларни удари, без драма, туку со тивко лизгање кон неупотребливост. Во новинарството, ентропијата почнува тогаш кога новинарите престануваат да ја контролираат власта, а почнуваат да и се додворуваат; кога медиумите престануваат да бидат јавен коректор и стануваат политички актери во натпревар кој ќе биде поблизу до тронот, кој ќе биде погласен бранител на „нашите“, кој ќе добие климање со глава од центарот на моќта.

Во тој миг новинарството не умира драматично. Не паѓа со тресок, не предизвикува јавен шок. Тоа тивко се претвора во козерија – во интелектуално шепотење околу ушите на власта, во самозадоволна игра на суети во која перото повеќе не служи за да отвора прашања, туку за да ги замачкува. Новинарот повеќе не прашува „зошто“, туку „кому му одговара“, а уште почесто „што ќе добијам ако вака напишам“. Така новинарството се претвора од јавна служба во приватна стратегија.

Тука некаде на сцена стапува и она што дијанетиката го нарекува реактивен ум, делот од човечката свест што реагира автоматски, емоционално, без критичка дистанца и без рационална саморефлексија. Реактивниот ум е моќен затоа што создава илузии, а илузиите се поудобни од вистината. Кај дел од новинарите, тој создава илузија дека се важни затоа што се блиски до власта. Кај дел од политичарите, илузија дека се недопирливи затоа што во моментот ја држат функцијата. И едните и другите, заслепени од сопствените рефлексии во огледалото на моќта, не забележуваат дека токму тој реактивен ум ги води кон ист исход – губење на кредибилитетот, јавна ерозија и историска ирелевантност.

Политичарите додека се на функции молчат за сопствените грешки, обвиткани во комфорната тишина на позицијата. Грешките се релативизираат, пропустите се рационализираат, одговорноста се одложува. По падот, одеднаш доаѓа „привидение“, но не за да се понуди решение, туку за да се зборува со горчина. Наместо самокритика – исповеди. Наместо преземање одговорност – огорченост. Наместо обид за рехабилитација на сопствената партија и сопствената политика – морални лекции од маргината. Тоа не е катарза, туку продолжение на истата ентропија, само во друга фаза и со поинаков тон.

Случајот со „обидот за злоупотреба на механизмите на саморегулација„ на Советот на честа, преку претставки поднесени со јасна политичка логика, е речиси учебникарски пример за оваа состојба. Кога на новиарите и  на медиумите им се укажува на заблудата дека не станува збор за мешање во уредувачката политика, туку на потребата од осуда на константна употреба на навреди кон политичка партија и на лични навреди кон нејзиното раководство, тие ослепуваат од илузиите на нивниот реактивен ум дека се претвораат во бедем на слободата на искажаниот збор. А кога саморегулацијата, создадена да го штити јавниот интерес и професионалната етика, се претвора во алатка за политичка пресметка, тогаш не сме сведоци на грижа за Кодексот, туку на обид да се дисциплинира критиката. Да се замори. Да се исплаши. Да се научи каде и е местото. Тоа не е одбрана на професијата, туку нејзино инструментализирање.

Кодексот на новинарите на Македонија не е симболичен украс ниту морален параван. Тој е јасен и недвосмислен: новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, новинарството не смее да биде средство за лична или партиска корист, критиката кон носителите на јавни функции не само што е дозволена, туку е суштинска за демократијата. Се што отстапува од ова е извртување на смислата, козметика врз суштинска злоупотреба.

Кога дел од медиумите и новинарите, заслепени од сопствените суети, ќе влезат во таа игра, тогаш се појавува уште поопасен феномен – новинар кој се замислува себеси како политички арбитер, а не како посредник меѓу фактите и јавноста. Колумна која не е мислење, туку маскирана партиска порака. Анализа која не бара одговорност од власта, туку аплауз од неа. Академскиот речник станува камуфлажа, а интелектуалната поза – алиби.

Сето тоа наликува на една добро позната приказна за тронови, во која ликовите се убедени дека ја контролираат играта, се додека не сфатат дека се само фигури на табла што одамна ја загубиле контролата. Во таа игра, перото навистина може да биде поопасно од мечот, но само ако не е изнајмено. Кога перото ќе стане дворски украс, тогаш веќе не боде, тогаш служи за потпис, за легитимација, за тивко одобрување.

Во поширокиот контекст на дезинформациски кампањи, странски влијанија и манипулации со јавниот простор, одговорноста на домашното новинарство станува уште поголема. Но борбата против тие закани не се води со прогон на политичари, ниту со институционален притисок врз политичка партија. Таа се води со професионализам на новинарите и медиумите, со јасна разлика меѓу факт и мислење, со плурализам и со храброст да се биде непријатен за секоја власт.

Но, кога новинарот ќе помисли дека е власт, а власта ќе помисли дека е уредник, демократијата не умира одеднаш. Таа се троши. Се разредува. Станува навика. И токму затоа ставот на Советот на честа на ЗНМ е значаен – не како пресуда за еден конкретен случај, туку како повлекување на линија што потсетува дека саморегулацијата не е инструмент за политичка одмазда, туку последен бедем против распадот на професијата.

Ако и тој бедем падне, ќе остане само бука. Игра на пера и суети. Јавност која не само што ќе биде научена дека не смее да прашува, туку ќе се соочи со состојба во која прашањата ја губат смислата, претопени во ентропичната бучава на јавниот простор. И тогаш, како што би рекол Чомски, проблемот нема да биде што јавноста е дезинформирана, туку што е научена да не поставува прашања.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.