Тони Дескоски: Урсула фон дер Лајен дојде со јасна порака, која ја формулираше и на Х: уставните измени се единствениот услов за Северна Македонија за отворање на преговорите за ЕУ членство.
Ништо повеќе и ништо помалку.
Жално е што сегашната допломатија продолжува по стапките на Никола Димитров, кој прво ни го смени името, па потоа ни го создаде проблемот со Бугарија. Додека не разбереме дека мора всушност да излеземе од неговата стапица и да го понесеме товарот кој тој ни го наметна, нема напред.
Осакатени сме со преименувањето на државата во Северна Македонија. Ќе изголтаме и глупави уставни измени, а и во историската комисија. Или тоа, или ќе потонеме во изолација.
Преспанците многу би помогнале, ако престанат со лагите дека сме само Македонија. Македонската држава се самоукина во 2019 и тоа е.
А јазикот ни е запишан како македонски во ООН уште во 1993, при приемот. Грција никогаш не ни спорела јазикот да си го нарекуваме македонски.
Извор: Фејсбук