Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илинден е потрошен циклус

0
By Zoran Ivanov on August 3, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сдсм сноси огромна одговорност за драмата на Македонија. Спремноста да се жртвува Европа за сметка на таканаречените национални интереси значи тотално неразбирање на националните интереси. Популузам од вморонски тип. Тајна платформа на макединското национално единство за ремакедонизирање на Македонија. Односно за нејзина евтаназија. Надвор од Европа тие интереси се сирење што ќе го изедат балканските глувци за пет минути. Ако Македонија влезе во катарзични расположенија мислм дека и тие ќе мораат да се симнат од сцената. Ако има кој да ги замени.

Бранко Тричковски

Батериите на Илинден се потрошени.

Со телефоните на тој историски циклус Македонија не може да воспостави врска ниту со себе ниту со светот.

Вчерашната прослава беше неподнослива парада пијанства и кича.

Тртење околу симболи кои не можат да соберат ниту доволно гулаби и чавки да ги испосерат по главите, камоли цел еден народ.

Луѓето што се тртеа не беа живи луѓе, туку макети на еден исцрпен ритуал.

И објектите пред кои тураа цвеќе и венци не беа споменици, туку тажни макети.

На еден, се плашам, потрошен национален и државен проект.

Институциите што ги претставуваа тие тртачи беа односно се макети, државата е претворена во макета, владата е макета, премиерот е макета, претседателктата е макета.

Гоце ми е тажен лик на кого времето му ги скинало мустаќите и му ја фрлило табакерата во ендекот на историјата.

Што да кажам за вампирскиот споменик на Ченто и за него како лик. Или за Карев. Кој е и што е Панко Брашнаров поминат под тушот на времето. Или оној Татарчев. Бледнее и Асном, дури и Мисирков не е веќе тоа што беше.

Има и еден дел нормалност во тоа, но проблемот е што арчењето на историската основа беше и е резултат на форсираната и безмерна потрошувачка од страна на политичките елити.

Затоа што нацијата одби да се менува.

Одби да разбере дека тоа што таа си ги замислуваше како темелни историски основи, се потрошени во одбивањето просторорт меѓу нив и нас денеска да се исполни со нови содржини, со модерности, со вистини за себе што една нација на осумдесет години би морала да може да ги поднесе.

Европа беше и е единствениот медиум низ кој Македонија може да постои.

Не Илинден.

Европа.

По секоја цена.

Затоа што таа цена е поефтина од сите глупави, инфантилни, вморонски македонизми и прикаски за достоинството што ќе ни го обезбедат кокошкарите од фармите на комитлакот.

Казнено дело треба да биде секоја сериозна заебанцијата со Преспанскиот договор, со Договорот со Бугарија, со Преговарачката рамка.

За Рамковниот договор да не правиме муабет.

Наместо тоа таа дупка беше исполнета со невиден лоповлук и невидено оглупавување и ефтино корумпирање на народот.

Македонија го удави Македонецот, но и тој не и остана должен.

Комунистите ги бркаа вмороните политички, но ги зедаа за историска легитимација на нацијата. На тој начин се правеше алхемијата да се восппстави континуитет меѓу оние кои се бореа за бугарска Македонија и оние кои се бореа за македонска Македонија. Тој судир бил актуелен и жесток и во времето на војната. Па и по неа. Тоа е концептот на двата Илиндена кој се покажа неодржлив и на крајот се јави како идејна основа за растурање на државата во ликот на вмро.

И бугарското вето е втемелено во таа идеја.

Добро е тоа што граѓаните покажаа дека им е преку кур од борбата за националните и државни интереси во која тие се борат и страдаат а кајмакот го собираат други.

Верувам дека тоа ќе го издише вморонскиот балон од ветер, магла, лаги и токсични намери.

Тие како мит и како политички концепт особено, заслужуваат најкатегорична ликвидација од видното поле на преостанатите Македонци. Тие се злосторничка инсталација и ништо друго.

Сдсм сноси огромна одговорност за драмата на Македонија. Спремноста да се жртвува Европа за сметка на таканаречените национални интереси значи тотално неразбирање на националните интереси. Популузам од вморонски тип. Тајна платформа на макединското национално единство за ремакедонизирање на Македонија. Односно за нејзина евтаназија.

Надвор од Европа тие интереси се сирење што ќе го изедат балканските глувци за пет минути.

Ако Македонија влезе во катарзични расположенија мислм дека и тие ќе мораат да се симнат од сцената. Ако има кој да ги замени. Не гледам сега за сега таков субјект. Се надевам дека ќе се испили. Не гледам кај нив разбирање на суштината на проблемите и на потребата од тешки промени во саморазбирањето на политиката и на нацијата.

Не знам кој ќе го пресече јазелот меѓу олигархијата, медиумите и почитичката елита. Без тоа Македонија можеби ќе дочека уште еден Илинден но повеќе-не!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

бранко тричкиовски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.