Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имаше 96 години: Ги преживеа логорите на Хитлер, загина во руски напад во Харков

0
By Sashko on March 21, 2022 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата на Меморијалниот центар „Бухенвалд“ во Германија соопшти дека маж на возраст од 96 години, кој преживеал низа на концентрациони логори за време на Втората светска војна, загинал во петокот во бомбашки напад врз неговата куќа во Харков.

„Борис Ромашченко , кој имаше 96 години, активно водеше кампања за сеќавање на злосторствата на нацизмот и беше потпретаседател на Меѓународниот одбор „Бухевалд-Дора“, наведоа од Центарот во серијата објави на Твитер.

Романшченко ги преживеа логорите во Бухенвалд, Пенеминде, Дора и Берген-Белсен за време на Втората светска војна, се вели во еден од твитовите, додавајќи дека е „запрепастени“ од веста за неговата смрт.

Од Бухенвалд, кој важеше за еден од најголемите нацистички концентрациони логори во Втората светска војна, на 11 април во 1945 година беа ослободени над 21.000 затвореници. Логорот во официјалната американска воена приказна е наречен „симбол на ладнокрвната суровост на германската нацистичка држава“, во кој илјадници политички затвореници биле изгладнувани, а „други биле запалени, тепани, обесени и застрелани“.

Фото: cnn.com

Внуката на Романшченко изјави дека нејзиниот прадедо живеел во станбен блок во Харков, кој бил погоден за време на руски напад. Во 2012 година, Романшченко присуствуваше на настан во чест на ослободувањето на Бухенвалд, каде што прочита заклетва посветена на „создавање на нов свет во кој владеат мирот и слободата“, се вели во соопштението на Меморијалниот центар.

Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, се осврна на смртта на Романченко на неговиот профил на Телеграм.

„Ова е она што тие го нарекуваат „операција на денацификација“, рече тој, алудирајќи на тврдењето на Русија дека нејзината инвазија на Украина е дизајнирана да ја спаси земјата од нацистичките елементи.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба на Твитер ја нарече смртта на Романченко „неискажливо злосторство“.

„Го преживеал Хитлер, убиен од Путин“, напиша тој.

Североисточниот град Харков е предмет на тешки ракетни и ракетни напади од почетокот на руската инвазија, но сè уште не е целосно опколен, изјавија во понеделникот украинските власти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.