По вонредната инспекција, државниот инспекторат за транспорт ги напушти канцелариите на фирмата „Беса-Транс БТБ“ во Скопје.
По извршените контроли, инспекторите го затворија објектот и поставија ленти на вратата, јави ТВ 21.
Инаку, вонредниот увид доаѓа по автобуската несреќа на оваа компанија на автопатот „Струма“ во Бугарија, каде животот го загубија 45 лица.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денес соопшти дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата. Еден од нив немал ниту сертификат за професионална компетентност.
-Едниот од возачите не е вработен во компанијата, имал сертификат со важност до 11 месец 2023 година. Другиот возач не бил пријавен дека работи во ниту една фирма за да ја врши таа дејност. На вториот возач му бил истечен сертификатот 9 месец 2020 година“, кажа Бочварски