НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина се поднови и со мијаваки шума

0
By НОВА ТВ Balaban on May 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина во Скопје денеска беше отворена мијаваки шума, прва од таков вид, донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. Станува збор за урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади.

– Денеска Скопје ја добива првата мала урбана шума на Балканот. Секако бладарение на методот воведен од јапонскиот ботаничар Акира Мијаваки кој се базира на ремедијација на просторот со автокхтони сорти на дрва и грмушки, а продобивките се признати и потврдени и од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Покажуваме дека ги препознаваме и ги следиме добрите светски практики. Очекувам дека оваа мала зелена оаза ќе биде добар пример на пејсажно уредување во нашите градови бидејќи има повеќекратни придобивки за многу краток временски период, истакна заменик-министерката за заштита на животна средина и просторно планирање,  Христина Оџаклиеска.

Таа додаде дека минатата година го препознале и го поддржале проектот мали урбани шуми и помогнале во неговата реализација.

Пред околу две години за Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина Јапонија донираше современ ултразвучен колор-доплер систем, вреден околу 23.000 евра.

Поради пандемијата со ковид-19 досега во земјава не беше одбележана јапонската донација и затоа денеска на Институтот претставниците на надлежните институции порачаа дека со ултразвукот е зголемен обемот на прегледи за околу 30 отсто и досега се направени околу 6.000 прегледи.

– Ултразвучната дијагностика е од непроценливо значење кај пациенти со нодозна струма, особено за следење на пациенти оперирани од тироиден карцином за што се создадоа подобри услови со реализирање на GGP проектот од Јапонската амбасада преку „Проект за подобрување на болничката средина на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје преку набавка на современ ултразвучен колор доплер систем”. Вредноста на донацијата беше околу 23.000 евра, а истата се реализираше во текот на 2020 година. Ехо-апаратот се користи од вработените на ИПНМ веќе две години и придонесе за поголемата достапност на методата и зголемување на бројот на ехо прегледи кај пациентите со заболувања на штитната жлезда за 30 проценти, истакна раководителката на ИПНМ проф. д-р Даниела Миладинова.

Јапонскиот амбасадор, Хиронори Савада, изјави дека дигиталниот ултразвук е брендот Хитачи, упатувајќи благодарност што со донацијата се намалило времето за чекање на преглед на тероида.

– Во рамки на Иницијативата за Западен Балкан, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Северна Македонија во социјалниот и економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во ЕУ. Од 1996 година Јапонија поддржа 171 проект во вкупна вредност од 8,5 милиони евра, во секторот на здравство, образование и животна средина, од кои 23 проекти се потпишани во изминатите 12 месеци. Се надевам дека ќе можеме да го поддржиме здравствениот сектор и неговиот капацитет и да помогнеме за подобро здравје на жителите на Северна Македонија, нагласи Савада.

Заменик-министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, изрази огромна благодарност за донацијата.

– Како држава сме среќни што не само оваа донација туку и сите години наназад, Јапонија е еден од најголемите донатори во македонското здравство со една софистицирана и модерна опрема во сите сегменти со која ќе се подобри квалитетот и во дијагностиката и во пружањето на здравствените услуги, рече Рендевски.

Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина мијаваки шума
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.