Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интернет комуникацијата ќе ја следи само ОТА-финишираат преговорите за УБК

0
By Соња Петрушевска on March 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финишираат преговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за УБК, односно Националната агенција за безбедност, дознава НОВА од преговарачките тимови.

„Има приближување на позициите на двете страни за клучните прашања на Законот“, велат дел од учесниците во преговорите.

По критиките на експертската јавност дека со законот се остава простор за нови злоупотреби и масовно прислушување, се размислува да се прифатат сугестиите на експертите, и техничките уреди кои УБК ќе може да ги користи за следење, да бидат сместени во Јавното обвинителство, а за да ги користи, УБК да поднесе барање до Обвинителството. По завршувањето на операцијата, УБК ќе треба да достави и извештај – за што била користена опремата и кој ја користел.

Освен ова, преговарачките тимови се усогласиле дека интернет комуникацијата не може да биде надлежност на новата Национална агенција за безбедност, туку следењето на интернет комуникацијата ќе биде задача само на ОТА.

Граѓанските организации и експерти по безбедност нагласуваат дека новото законското решение мора да претрпи измени за да се спречи можноста од нова злоупотреба на моќта на УБК со неовластено следење и снимање на поединци.

Член 26 од Предлог – Закон за Агенција за национална безбедност

За нив беше спорен членот 26 од предлог-законот за Националната агенција за безбедност, со кој не беше јасно дефинирано во кој случај УБК ќе може да ја заобиколува ОТА.

„Може ли утре директорот на Агенцијата за национална безбедност да користи технички опрема и уреди (на пример беспилотни летала за внесување малициозен софтер во мобилни или други системи) за следење на сите видови комуникации без посредство на ОТА и со тоа да се предизвика ограничување на неповредливоста на приватноста на лицето и домот, собирање и задржување на мета податоци за граѓаните без судски налог, рече на јавната расправа за предлог законот, доцент Марјан Ѓуроски професор на  Факултетот за безбедност.

Во однос на селекцијата на кадрите, експертите напоменуваа дека со стари кадри кои учествувале во злоупотреби на службата не може да се говори за реформи. Затоа, во новото законско решение се размислува да се предложи нов состав на Комисијата која ќе врши селекција на кадрите кои од УБК ќе преминат во новата Национална агенција.

Комисијата би била составена од седум члена: двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, директорот на Националната агенција и двајца членови- по еден од власта и од опозицијата од собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Комисијата ќе треба да го анализира работењето на вработените во УБК во последниве 5 години.

„Во новата Агенција не смее да има место за оние кои биле вклучени во какви било злоупотреби, за оние кои со години молчеле за злоупотребите иако не биле директни учесници, ниту за оние кои не поседуваат соодветно образование и искуство за да работат во ваква служба рече за НОВА Магдалена Ламбовска од невладината организација Евротинк.

Една од варијантите која била исто така разгледувана е законски да се обврзат сите вработени на УБК да мора да одат на полиграфско испитување кога од какви било причини тоа ќе биде побарано од нив.

Контролата врз разузнавачките служби ќе се регулира со нов закон за надзор.

За поголема независност на внатрешната контрола на работата на УБК што треба да гарантира да се спречат безбедносни хаварии со масовни прислушувања, најверојатно ќе биде прифатен предлогот, раководителот на внатрешната контрола да биде предложен од директорот на Агенцијата, но претходно да биде одобрен од собраниската Комисија за надзор над работата на УБК.

Премиерот ќе остане да раководи со советот за координација, но ќе му се намалат ингеренциите и ќе може да одлучува само на оперативно ниво, а стратешките одлуки ќе ги носи Националниот совет за безбедност. За да нема поклопување на ингеренциите меѓу советот за координација и Националниот совет за безбедност, ќе се донесе нов закон за Национален совет за безбедност.

Новиот закон за УБК е дел од реформските закони кои ЕУ ги посочи како клучни за отпочнување на преговорите со земјава. Доколку законот помине наредната недела на владина седница, за законот ќе се гласа и пред претседателските избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.